Да, според мене, многу одговараат штиклите со фустанчето. Комбинирај ги така што ќе носиш плик, иста боја како таа коралната (или каква и да е) од штиклите и такво карминче. Очите не многу нашминкани, косата фатена во убаво коњско опавче и толку. Хулахопки, прозирни, има едни сончана боја (така се викаат). Накит, не многу.
вечер планирам да бидам со бели кратки панталони и златна маичка,дали ке одговара да носам и црвено-црни штилки?или пак целосно црни,а имам и кремови полна пета ама овие црвено-црните ми се повисоки и повеке ми се допагаат,немам бели кондури ама имам бели сандали ама рано е за нив и не одговараат со хулахопка,помош?
Дефинитивно облечи си ги кремовите со полна пета...за сандали сеуште е рано а црвено-црните штикли и целосно црните воопшто не ми одговараат на комбинацијата со бели панталони и златна маичка.
Од таму од каде што ти започнува половината т.е таму каде што си најтесно струкирана...ни под гради ни на колкови некаде измеѓу се надевам ме разбра
Девојки, со која боја да искомбинирам ваква боја на панталони, освен бела и црна? Пробав со кремаста, но не ми се допаѓа како изгледа.
имам скоро слична боја и ги носам со бели блузички,кремасти,дури понекогаш и со жолта и темно сина ама моите фармерки се во ваква боја
Да не пишеше дека си пробала и не стои,ќе ти речев крем,ама незнам зошто мислип дека не стои.Пробај потемна нијанса,кафеаво,сино,светло сино,бело,црно...Зависи се од нијансата, а и моделот.Мислам дека тоа што си пробала со крем,не е до бојата,туку дои моделот на пантолоните и блузата.Може не ти се допаднало како стојат во комбинација.
Ви благодарам девојки, ќе пробам со темно сина. Инаку заборавив да пишам дека повеќе оди бојата накај розево, тоа ми е проблем. Што мислите за минт, светло? Или пак праска боја во комбинација со кремаста ташна и чевли?
Со сиво, можеби кафеаво или некоја потемна нијанса на крем, со многу светла сина, црно,бело.. Во секој случај мислам дека многу поубаво би стоеле со светли бои
Ми се допаѓа како изгледа со светло сина, исто и последната комбинација ми е многу убава, со неон ланче и алка. Ќе се обидам да најдам Многу ти благодарам Dog-lover
Девојки, имам кремаста кошула од чипка. Проѕирна е, и не знам што да носам одоздола, т.е. каква боја на прслук? Имам еден бледо розев, така нежен. Не сакам прслукот да е премногу истакнат, а сакам да си ја носам кошулката. Што советувате?
Епа тогаш можеш да си го носиш тој бледо розевиот, а можеш и бел, некоја посветла/потемна нијанса од кошулата, можеш со сив..
Happygirl јас гласам за светло розевиот, мислам дека и двете бои се нежни и нема да доаѓа до израз, баш како што сакаш ти. А исто, може и кремов, но ќе биде многу еднакво, а со розевиот ќе биде поинтересно. Бел ќе дојде до израз, не ти го препорачувам.
Јас бојата ја обожавам , имам малку посветла од оваа нијанса со расфрлани сиви коцки и нешто како маичка/кошулка и ја комбинирам со шарени пантолани со висок струк или со темни фармерки , ми се допаѓа како би стоело и надвор кошулката и внатре , може со црна чанта или може и некоја во 2-3 бои но да се земјени тонови , а ако си расположена за експериментирање може и со овие бои нешто како на сликата
Можеш со најсветлите нијанси од крем , розе , петролеј ама оние мнооооогу неутрални и светли , а мислам дека највеќе би одговарало со вакво нешто , може и посветло од ова