Се помислив да ги носам овие со црни хулахопки, оти носат овде вака летни штикли со хулахопки ама јас и немам храброст така да излезам, ептен летни ми се овие..што мислите вие? не ме карајте, само да си прашам јас
ептен се летни, гола пета, ај да беа само напред отворени може, ама и црни хулахопки со чевли во боја не ми одговара баш многу многу, оваа комбинација ќе биде супер да ја носиш некаде летно време , поладна вечер па таман блузичката како палтенце да ти дојде раскопчано врз црна маичка
Ај ќе видам што ќе правам, ќе ве послушам за советите па ќе ме коментирате во модни критики, се надевам ќе испадне убаво...
Пуфи ти си во Америка? така некако ли имам прочитано... ако не извини Во кој град? Ако е топло можеш да ги носиш, со сукњичката, и со блузичката која е иста боја како сандалите...
Пуфи ако е и кај тебе ладно како кај нас не ги носи уште . Не што не одговара него ќе смрзнеш Инаку мене многу ми се допаѓаат , и бојата е супер
Со што би можело да се искомбинира ова, мислам на панталони, за хеланки е кратко а го носам на фармерки светол тексас па некоја идеја за со нешто друго? и уште нешто Спојлер дали ова ланче би се сметало за винтиџ стајл можеби требаше да прашам во таа тема али ај да не лупам слики на секаде
Многу ти е летна маичката за времево, мој совет ти е да ја оставиш за понатаму. Исто така јас тоа ланче не би го комбинирала со оваа маичка (премногу е шарена и самата по себе впечатлива), искомбинирај го ланчето со некоја еднобојна блузичка сезонава
Да, би се сметало и убаво е, но ако го комбинираш и со облека од тој стил. Инаку за блузава и јас мислам дека е летна, остави ја за понатаму па после носи ја на бели панталони и светол тексас фармерчиња.
За да не се разбереме погрешно не прашував за сега да го носам туку си ги средував алиштата па ми ај реков да си прашам со што би можела да се носи за понатаму а ланчето обично го носам на еднобојни едноставни работи на кои одговара кафеаво во никој случај не би го ставила на оваа блузичка
кажав дека си купив вакви хулахопки и сеа незнам со што да ги искомбинирам, имам многу туника ама некако не ми одговара баш нај нај, со црна сукња ама незнам со каква блуза, иначе имам салонки обични црни имам сиви чизмички до глуждот со врвци одлично стојат со хулахопките, некоја идеа?? и какви алки и обетки??
Јас имам црно здолниште со висок струк, тенка црна маичка и чизми до глужд па најчесто хулахопките ги комбинирам така облечена. Инаку можеш да ги искомбинираш со било какво црно здолниште или интересна туника од по лесен материјал, без дополнителни детали. Здолништето ако немаш обична црна блуза можеш да го искомбинираш со црно боди по долги ракави и некој интересен детал како ланченце. Со кратки шорцеви не сум пробала ако имаш црни обиди се и нив да ги искомбинираш со некоја кошулка ама малку сум скептична за оваа комбинација. Последнава комбинација е повеќе за со класични хулахопки.
Meне хулахопкиве ми се онака по рок, шик комбинација со чизма, туника и кожна јакна. Јас сакав да ги купам и таква комбинација си замислував дека ќе носам Не би ги внела во поелегантна комбинацијата зашто не се елегантни. И не би ги носела со сукња со висок струк. Сукња со висок струк е елеганција. Овие не се тој тип. Туника, кратка сукња нешто така, да дојдат во преден план. Иако ти ја кажав погоре мојата идеална комбинација
фала ви за одговорите 1. веќе искомбинирав со суња може да, ама јас вака направив, имам црно фустанче на едно рамо и го комбинирам и елеганто и спортско , материјалот е обичен како за боди значи хулахопките, црни обични салонки, фустанчето и имам кремаво болеро со три-четврт ракави со копчиња и ластик, па го пуштив така одозгора, за да не бидам гола, и таман кремовото одговара со тоа што се гледа голо од ногата 2. др комбинација наравив со кафеави ,, рок,, штикли и кафеаво болеро и кафеава кожна јакна што мислам да ја носам и со предходната комбинација иначе имам и црно палто 3. е сега совет: каков накит?? на сето ова????
Пак јас на темава...Значи ова палтенце е кратко,со не толку долги ракави и ситни петелчиња,од времето на мајка ми е и преубаво ми е мене,ама не знам со што да го искомбинирам.Би го носела откопчано ама не знам со што Не замерувајте што е малку гужвано,вака го најдов и немав време да го пеглам.
можеш да пробаш со рамбофка, фармерки, и патики (до глужд) /чизми... + некое ланче може, подолгичко, алки за на рака повеќе (тенки)... и сл.
Najprvo,da se izvinam za toa shto pishuvam na latinica,od mobilen sum i kirilicata me zeza neshto. E sega, imam edna chanta,taka posportska e i zholta. Sakam da ja nosam,ama se nosi zholta vo zima? I mozham da ja iskombiniram so kratki kafeni chizmi?
Се зависи од материјалот на ташната...да не е некој лесен, тенок....инаку да ...се носи зошто да не, можеш да додадеш и уште некој детал во жолта боја....