На ова дури и нема потреба од накит. Обично и наједноставно ланче (сребрено со мало приврзоче би бил добар избор). Обетки кои нема да се могу долги, едноставен часовник и алка/белегзија.
Фустанот сам по себе е атрактивен,така што нема потреба од впечатлив накит.Можеш да ставиш суптилни сребрени менѓушки,ланче и алка.Ташничка можеш во иста боја како сандалите... Еве нешто предлог за накит.. http://t0.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcTwuUtRmWr1ma5n3RdRjgrwlHzl_5WFU6Zl5qmBkxy6R8vHOccn7w[img] [img]http://t1.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcTOpHf2vngKddU2g0wgxI8Nizkm6PS2H87UEQNDUx-4-GJWIpJk
Зависи колко си храбра. Ако сакаш едноставни комбинации можеш со бела, кремаста, црна, кафена, сива боја, поточно со се неутрално, без разлика дали ќе е тоа панталона или пак некое сукниче. Но доколку си похрабра http://www.kafepauza.mk/wp-content/uplo ... za.mk_.jpg еве ти пример, жолто со розево, со зелено црвено.
Женски дали воопшто се носат вакви пантолони (само не толку широки доле) и ако се носат со што би ги искомбинирала? Мајка ми си ги купи за нејзе лани и мн скапо ги плати, а ги облече два пати зошто се поправи (да не кажам здебели) и мали и се, па јас барем да ги износам )) http://www.polyvore.com/cgi/img-thing?. ... d=71520857 Благодарности
Се носат, јас сакав да си купам од овие wide pants - ама сфатив дека ме прават троа големичка. Еве ти идеи. Прилично се лесни за комбинирање, можеш да одиш на наједноставна варијанта со еднобоен топ горе или пак кошулка, за ретро шмек.
Имам црна сукња со висок струк негде под градите со што можам да ја искомбинирам сукњата е залепена за телото и на средина однапред има копчиња ај помош
Можеш на многу начини, се’ зависи од приликата за која ти е потребна: *Еден е класичен со кошула: Спојлер *Со обична рамбовка: Спојлер *Casual - опуштен изглед, малку поширока маичка со некоја апликација (јас овој дефинитивно би ги избрала): Спојлер
Ако има копчиња, и како што ја објасни ја замислувам малку полегентна, не би ја комбинирала со рамбовка. Сум видела мнооогу комбинации со рамбовка, мене ефтино ми изгледа. Однапред се извинувам ако некого навредив со коментарот. Со кошулка некоја, не мора да е свилена по секоја цена кошулата, или поедноставна маичка, се зависи каде планираш да ја носиш. Здолнишете само по себе, не ми е многу за во кежуал комбинации, ама ако сакаш во такви пригоди, носи ја со оние кежуал маички од послениот спојлер на сања.бургунди. Спојлер Или пак за вечерна комбинација,носи ја со топ, или корсет. Изгледа секси, а сепак не откриваш многу зашто е долга суќната, и визуелно често дава изглед на фустан а не е.
Девојки за една блиска свадба си купив бебешко розево фустанче и кремасти штикли. Со какви додатоци да комбинирам за да разбијам монотонија ? позз
на оваа комбинавија најубаво ми изгледа златно, може некоја злата огрлица од овие плочките, сега незнам каков е моделот на фустанот,долго ланче со златно розови приврезоци, или повеќе алки на рака... нешто посмело незнам што ги додала, боичките се нежнички и доволни сами по себе, мислам дека со друга боја ќе ја ,,затвориш,, комбинацијата
Можеш косата во пунџа и да носеш долги обетки можеш од златните-металните сега што се на мода или па од таквите ланчиња, зависи до моделот на фустанот, и ташна можеш да носиш плик кремов тип топ комбинација :wink: И за шминка да внимаваш да не биде многу нападна некоја светла така нежна
Девојкии вечерва излегувам се договоривме со другарките на високо да одиме амаа јас немам штикли :/ ми се расипаја ии .. не чинат далии може да облечем чизмичиња или срамота е ?
Ме интересира дали одговара комбинацијава (сината блуза со розевите панталони), во поглед на боите и моделот? Треба да ги искомбинирам панталончињава со нешто малку подолго, за да го покрие пределот на каишот, бидејќи ми се малку големи, па морам да ги подигнам. Се мислам и за кошулкава, пикната внатре и малку повеќе набрана, за да не се гледа тој дел, меѓутоа сепак мислам дека нема убаво да стои. Поентата е малку да биде извадена, но мене така нема да ми врши работа. Предлози? Ако ме разбравте