Либера, блузичката е иста како на првата слика сината? Ако е таква, не ја пикај внатре, нема смисла заради наборот кој веќе си го има, ќе изгуби смисла самата блуза и нема вака природно да паѓа. Носи си ја така пуштенка, и крени ги повисоко панталоните со некое тенко каивче. Неможеш да ја носиш пикната и извадедна, прво не е многу долга, нема да ти прекриеа убаво тоа што сакаш. Јас викам крени ги панталоните до наборот, и тамн тоа што е како пошироко ќе ги покрие тоа што не сакаш да се гледа A боите одговараат одлично.
Значи, панталоните ги имам, а размислувам за првата блуза (која ја копирав од страната на Манго, но не сум сигурна дали ја има во нашите продавници), неа не ни планирав да ја ставам внатре, туку во случај да не најдам иста, да купам некоја кошулка како на последната слика и таа да биде внатре во панталоните. Морав и за боите да си прашам, бидејќи како голем обожавател на мастило сината, ми се чини дека се` оди со неа.
Аха сваќам, јас помислив дека ја имав веќе дома. Епа тогаш не си ограничена, барај некоја кошулка ама од оние долгите, под задник што се, тамн да можеш да ја извадиш доволно многу за да се скрие каишот Тамн така можеш да си на носиш и со хеланки пошто ќе иде долгичка. Пошто нели целта ни е да пикне внатре, затоа малку подолга за да изгледа поприродно и да не се забележат панталоните дека ти се големки. Ма да ако каишто е доволно црвст да ти ги држи, не гледам зашто да не се гледа каишот, ама ти си знаеш најдобро. Каишот најдобро е да ти биде кафен ако сакаш да ти се гледа
Да прашам дали секогаш гледате чевлите да ви одговарат на нешто ? Јас на пример никогаш не носам чанта т.е . многу ретко ... и денес бев во скроз различни бои. Зелени хеланки, кремови оксфордки и бела блуза . Дали е океј според вас оваа комбинација. Се извинувам за офтопик ама не знаев каде да го поставам прашањето.
ова фустанче, со какви штикли и накит да го носам? имам црни,крем,измегу среберно и златно, златни...
Абе ако ти е тебе фино и ти се допаѓа зашто да не, баш е убаво што не си уноформирана ко сите. Башка и боиве ти се комплементарни, т.е си одговараат една со друга, а и меѓу крем и бело нема голема и драстична разлика. Башка и 3 бои според мене во комбинација не е е страшно ни лошо. Јас лично порано чантата ја усгласував со кондурите, сега повеќе по маичката/блузата/кошулата. Али прашање на вкус е.
Девојки дали би ми одговарало ова фустанче со овие балетанки? Немам црни и не сум во можност да купам, а сакам да го носам викендов. Ако одговараат помогнете ми и за тоа каков накит да носам, чанта..
Девојки, ќе ми извините бидејки малку е долго и не знаев каде да го сместам, па решив овде. Барам фармерки во боја. По можност тиркизно сина или темно зелена само поголем број бидејки имам големи облини баш тој дел ми е критичен... Значи како овие горе само со висок струк...Дали некоја од вас знае каде може да најдам? Само по можност да биде во овие поевтините продавници, како pewex, шутка или слично.... И ваков долг корсет оди ли на вакви фармерки и каде да го најдам истиов? Би сакала во крем боја да е? а да, и балетанки со висока потпетица? Не можев да најдам слика, но мислам дека ме сфаќате. Многу ќе ви бидам благодарна ако ми помогнете.
Девојки имам вакви панталончиња исти, и ми треба совет со што да ги комбинирам одозгора.. планирам да си купам нешто па да ми дадете некоја идеа, што би одговарало нешто така како за по елегантна пригода.. и каква боја најубаво ќе седи. Фала однапред
Тие сами по себе се премногу елегантни, што значи јас не би ги носела во денски комбинации, но за вечерни се одлични. Најубаво би било со едноставни и еднобојни маички и во иста боја штикли. На пример опуштена и неприлепена за тело маичка во корална боја и исти такви салонки. И како додаток едноставен накит и црн плик.
нешто вака мене би ми било најубаво! со прозирно кошулче мислам најдобро ќе иде, ако имаш сако подолго за над кошулата уште поубаво ќе биде, и се разбира високи штиклиии
јас мислам да одиш со бела или црна проsирна кошула, и црни штикли a може и нешто црвено да вклучиш во комбинацијава,убаво би изгледало