tea4e и јас гласам за првата комбинација. На нозе би било убаво со балетанки. Ако имаш боја слична на маичката или пак сина(како што е таа во средината на ланчето), и ако се одлучиш за таква сина, тогаш додади некое прстенче или алка во истата боја.
првата.тие шо ти се фармерките/хеланките долу можеш да ги подвратиш малку и на нога да облечеш римјанки,патики,балетанки.... а ланчето е преубаво се токмам да купам ама....
Скоро со се можеш да го комбинираш. Еве ти некои слики http://www.modnivrisak.com/pub/article/13480480236361_p.jpg
мајка ми, ми ги купила со која боја да ги комбинирам освен со сина,сива,бела,црна и дали би ги носеле ?? Спојлер мислам дека јасно се гледа шарата
Дог-лавер слабичка си ми,и ваков широк модел не ми иде баш туку носи си ги по дома мој предлог или така на прошетка до некаде (мене искрено не ми се допаѓаат многу) а и си пишала (освен со) и си навела боички а баш мислам со сина или тиркизна маичка ке ти одат добро и бела да
Сакам да носам бела сукничка и оваа комбинација на ташна и чевили...ми треба предлог што за горе,кошула во која боја???? Ве молам предлози
^Можеш да носеш некоја слична боја како чевлите и пликот.Само да кажам дека се прекрасни.За да не биде поголем дел во бело и монотно,јас би избрала розе/портокалова боја,односно слична на оваа на пликот и чевлите.Можеш да носеш пообична кошула,можеш свиленкаста,а можеш и некоја блуза во зависност од тоа каков е моделот на здолништето,зошто не секое здолниште одговара на блуза. Dog-lover-Мене пак ми се убави овие пантолони,само на сликата се сликани со дуксерка па затоа не изгледа убаво и уште повеќе шири.Мене многу ми се допаѓаат вакви пантолони комбинирани со тесна маичка во слична боја и патики или балетанки.Плус можеш и тексасен елек да облечеш,сум видела некои такви комбинации и ми се допаднале.Па така замислувам убава комбинација со овие пантолони. Нешто вакво.
Ехе комбинации безброј кратки фустанчиња кремаво бело..и други нежни боички, потоа со шорц и тексас и во боја летна , убави маички со слична боја , прекрасни се избор имаш
Скоро сум на една прослава , се мислам што да облечам Имам замислено една комбинација. Имам црно фустанче како ова само со еден ракав е моето ( не можам да ја најдам истата слика,ама ја имаше и на форумов сигурно сте ја виделе) исто такво е. Дали сеуште е модерно да се носи? Поголема ми е дилемата окулу чевлите, не сакам ниту со црни ниту со крем или пак сребрени. Сакам да го комбинирам (да купам) др боја на пример темно плави па со такви некои впечатливи ушници, или пак тиркиз боја. Сакам малку да освежам. Што мислите дали би одговарало , или да си бирам др фустан?
Секако дека ќе одговара, и можеш да комбинираш со било која боја, фустанчето ако е црно има ама баш секоја боја да одговара само немој да претеруваш со накит, бидејќи и самото е впечатливо поради чипката така да доволни би биле обетки и и прстен или нараквица.
Не знам зошто не ти се допаѓа комбинација со црни салонки. Мене ептен па ми е елегантно и отмено. Јас со златно би го искомбинирала. Скроз црни обувки или па со некој златен детаљ и обетки или впечатлив прстен во златна боја.
Незнам зошто не сакаш црни чевли.На мене со црни чевли ми е ептен отмено со некои златни обелки и впечатлив прстен. Но ако фустанчето е црно не одговара секаква боја на чевли. Од накит можеш да ставеш обетки нараквица и впечатлив прстен и некоја плик ташна.
Најдобро изгледа ке биде да ве послушам, да го носам со црни чевли. Имам ваков комплет на накит, ланче и алка
Savana алката можеш да ја носиш, но ланчето мислам дека нема да одговара. Наместо него, стави некои обетки златни, не многу впечатливи, или можеш и прстен како што ти предложиле другите Феминки.
Savana, и јас мислам црни чевли да одбереш, колку и да е клише со црно, сепак црна чипка најубаво и најелегантно ми оди со црни, крем или некоја комбинација од црно и крем чевли. Премногу ми е елегантна чипкава за да ја комбинираш со некоја друга по весела, јака боја. Можеш да си купиш некои убави сандали (да не се ограничуваш и вариш во затворени салонки) немора да бидат скроз црни, може да крем со црно и обратно Спојлер Тој накит ти е добар, ќе изгледаш елегантно и софистицирано П.с Ако ти е фустанчето како на сликата, горе толку затворено, се слагам и јас да не го носиш ланчето, туку да ставиш менѓушки.