Девојки фала ви многу , ќе ве послушам и јас мислам дека поубаво ќе биде без ланче, бидејќи горе фустанот е прилично затворен.
Дефинитивно без ланче. Гломазно е, а фустанот е онака префинет и сам по себе доволно украсен. А ако веќе сакаш да имаш нешто накит во горниот дел, тогаш некои обетчиња, не многу големи, ама сепак видливи "Стави си" и огромна насмевка и ќе заблескаш 100%.
Дали ќе стои да ја носам оваа маичка под раскопчаната кошула? Ако носам така, тогаш планирам црни панталони и кафеави балетанки. Но за кошулата и маичката ми е највеќе...Ве молам кажете ми како изгледа, многу ми е итно, во последен момент испадна дека неможам да го носам тоа што ппланирав.
Тоа правило ретко кој го применува, можеш и друга боја да додадеш на чанта немора да е ни црна ни бела.
^Mili4ka123 - Иако не сликата не се гледа убаво како стои кошулата со маичката (чинам тоа корсетче е) сепак мене не ми се допаѓа. Според мене, и двете парчиња се убави, но не се за во една комбинација, многу ми се спротивни за да се спојат во една комбинација, не градат баш добра композиција. Јас би комбинирала на следниов начин - Маичката/корсетчето со кафеави/крем панталони, ременче, малку накит, и кафеавите балетанки што ги спомна. А кошулчево, бидејќи не можам да видам комплетно какво е, но доколку е струкирано, можеш да го комбинираш на милион начини зависно од пригодата, можеш со црна сукња (класика и елеганција) со пантолони во црна или некоја повесела боја, итн. како што кажав се зависи од пригодата.
Како да ја искомбинирам сукњава?! Имам илјада идеи на памет и многу би ми помогнало ваше мислење. Јас само и го скинав тој долниот дел, премногу цветен и несоодветен за мој вкус.
jas ti predlagam kako bojata na kamcinjata potemnite sto gi ima, cevlite i tasnata, dodeka za nakit ako sakas ista, no ako sakas da ja razbies monotonijata kombiniraj nesto so kamcinjata povtorno sto ima, no i posvetli boi
Од накит може да ставиш некоја наруквица во златна боја и обетки, ланче мислам дека нема потреба да носиш!
Јас би го искомбинирала со бела блуза како на сликата или со бебешко сина блуза со онакви петар пан крагњи бели т.е со кошулка на дебели прерамки и крагња. Мислам дека би одговарала, но лично јас би носела црна плик ташничка со црни циркони кои светкаат(со светкањето ќе се оддели од фустачето).
Нема да стои убаво маичката во комбинација со блузичката. Но јас би ја изоставила маичката скроз и би ја носела само кошулата. Кошулата ке си ја закопчаш и ке ја ставиш во панталони. Бидејки имаш кафеави балетанки, можеш да ставиш тенок кафеав каиш, кој немора да биде иста нијанса со балетанките и ете ти една модерна и опуштена комбинација
како да искомбинирам цветен корсет на розевка е некако бојата.незнам што би можела на долен дел да облечам.
Па се ми се чини . јас имам цветни нема толку врска бојата ама најмногу ми одговара со светли фармерки.со кратки фармерски,со кратка суќничка тексас,и јас ги носам и со црни суќни...
Девојки јас денеска си купив долг фустан скоро иста ваква боја, е сега сакам да чујам од вас мислење дали ќе стои со црвена боја на кармин или па некоја понежна боја. а инаку ќе го комбинирам со лаковани крем штикли.
Мислам дека на кремовиот фустан имаш повеќе опции...Според мене би стоел убаво и некој розев кармин, може и посветла боја а може и нешто вакво Во секој случај, не би било лошо ни со црвен