Одговара и тоа многу. И двете бои би одговарале ама ако патентот е црн повеќе би одговарале црни штики и плик ташна.
Повеќе би одговарало црно да ама убаво би изгледало и со крем штикли бидејки многу стои крем боја на оваа на сакото.. тиркизна е ваљда.
Бидејќи викендот излегувам со другарките, а скоро сите ќе бидат со фустани во дилема сум што да облечам. Се мислам да ставам црна кошула со V-израз, жолти фармерки, бели сандали и чанта. Дали оваа комбинација би одговарала ? и доколку можете да ми дадете предлози (со слики) и да ми помогнете во врска со додатоците ...
Мое мислење од ова што го прочитав (иако не знам за каков точно модел на фармерки станува збор, како ни бели сандали) некако само црната кошула не ми штима. Мислам доколку ги носиш жолтите фармерки, може бели сандали ама нагоре нешто или шарено или едноболно ама посветло. А доколку пак сакаш да ја носиш црната кошула тогаш надоле можеш било што на пример некој шарени (цветни панталони). Се надевам ти помогнав, сепак тоа е само мое мислење еве ти и сликички од мојата најомилена инспирација http://media4.onsugar.com/files/2012/09 ... arge_1.jpg http://www.google.com/imgres?sa=X&biw=1 ... =149&ty=74 http://www.google.com/imgres?sa=X&biw=1 ... x=70&ty=82
^eli25 Прекрасна е чантата, можеш да ја комбинираш на милион начини. Не е проблем доколку не можеш да најдеш чевли во таа боја, можеш да направиш отстапка од тоа непишано правило (чантата во иста боја со чевлите), нели? Инаку, можеш да комбинираш со кремава или минт кошула, пантолони или шорцеви во иста боја како чантата и кремави/минт балетанки или штикли, зависно од пригодата. Плус, ќе додадеш некое нежно парче накит. И како што кажав има уште мноогу комбинации во кои можеш да ја вметнеш чантата.
Преувава е ташнава Комбинирај ја со светли и нежни бои, со бела боја, крем, фармерки, доволно е да ставиш некои впечатливи обетки или прстен во таа боја, не мора чевлите да бидат во иста боја со ташната.
Сакам да прашам дали вакви сандали (црни) ќе одговараат на кратко корсет фустанче прилепено за телото бело со црни барсачиња е фустанчево
Ај ако сака некој нека ми пише ЛП да прашам дали е арно тоа како искомбинирав. Несакам да ставам тука слика, ради приватност
Благодарам за советот, многу ми помогна Инаку фармерките ми се вакви http://www.google.com/search?q=yellow+j ... B460%3B345 , а сандалите http://www.google.com/imgres?q=white+sa ... =213&ty=45
Девојкии ми треба совет од вс . Значи сакам да ги комбинирам панталониве како на сликата , исти се само што моите се кратки со оваа боја на кошулата (праска) проѕирна , овие што се сега модерниве . Па еве слики и кажете ми мислење . Не сакам да бидам цела црно бело затоа не си ставам црна или бела кошула , сакав нешто повесело и шарено па затоа ми текна на оваа варијанта .
^ Фала ви девојки. Имам и црни и крем сандали со праска Па ќе видам од времето какво ќе биде , ако е топло ќе ги ставам сандалите , ако не црните папуци
eli25 многу убава чанта за прво, тиркизот е многу убава боја и не е комплицирана за комбинирање. Крем како лесна и едноставна комбинација, па може и бело и црно такуѓере,ама со нагласовување на крем боја, чевли во крем се најдоодветни за летни комбинации. Кафенa и сива до некаде, исто многу убаво одговара со тиркиз, и темна и светла нијанса. Ова ми се посејф бои со кои не може да се згреши. Ако сакаш нешто похрабро, и пооригинално розева ама онаа потемна розева многу убава летна комбинација ми било. И портокалова може да биде многу интересена и ударна боја за комбинирање, зависи од тоа колку си ја обичаш. Али мај олл тајм фејворит би била тегет или мастило боја подобро. Јас сакам многу темно сини нијанси, и мислам дека може супер да се комбинира. Ја би ја носела со некои крем чевли и тегет или мастило боја на здолниште, панталони или фустан или обратна ситуација, мастило боја на чевли. За крај еве некои слики како тиркиз одогвара со зелена и некоја други бои во комбинација(и темно зелена не би идела лошо) Сепак зависи од тоа колку си храбра,колку сакаш да експериментираш со поинтересни и похрабри бои. (oди и со виолетова, некоја окер жолта боја па и до посветли пастелни нијнси на жолто,розе,сина итн...) Се на се гооолем избор имаш не ти треба таква боја на чевли
секое парче посебно ми е убаво ама незнам заедно како изгледаат ,да не бидам смешна . сандалките дека со плута би оделе во свечена комбинација ?