Многу ти се убавиии,од кај се ако не е тајна Иначе јас би ги искомбинирала и со фустанче,и со кратки тексас панталони или пак со хеланки(овие сеа шарениве што се носат)
Не. Патичињава ги видов на фб и буквално се заљубив во нив,но поради некои лоши искуства со неквалитетни патики порано бев скептик за да ги купам така,па можам да кажам дека буквално го превртев Скопјево за нешто слично. Најдов во Беверли во една продавничка но тие беа на риги сиво со некоја циклама нијанса имаа само,ама не ми правеа мерак па пред неколку дена си ги земав овие. Не се којзнае колку квалитетни се гледа од прв поглед,сомнително кинеско потекло ама за една сезона ќе пројдат )
Девојки,сакам да ве прашам нешто. Си бендисав една кошула па сакам да слушнам ваши мислења-дали е убава и дали се носи сега.. Има свежи бои (добро не е проблем за боите),наназад е подолга а напред е пократка (до стомакот -тука некаде). Планирам да си ја купам ,ама мајка ми ми' вика дека такви не се носеле и дека не била убава. Величината назад и напред е речиси иста како на сликава (малку пократка) А моделот е сосема различен. Што велите девојки?
Е дојди и убедија дека се носат сега. Инаку моделот е поразличен не е толку широка. А сакав да прашам дали одговара со фармерски кратки пантолчиња? Јас ја пробав таму кошулата со кратки ама незнам дали носат така..
Можеш со кратки и еднобојно рамбовче, да ја врзеш во чворче, ама на страна(мислам дека знаеш за како ти зборам). Можеш и пуштена, само незнам дали ќе стои убаво, бидејќи е позади долга..
Јас ја смислив комбинацијата уште да добијам потврда од вас Јако розево неон кратко фустанче, не е залепено уз тело, пошто имам црна коса мислев црни штикли и дека каков прслук и да облечам се познава, мислев и прслукот црн да го опнам. Предложете вие нешто подобро
епа мене преубаво ми е ова , би ти рекла дека можеш и со бело-по летно би изгледало но не штом си имаш црна коса(сон ми е да имам црна коса-ама ни со фарба не го постигнувам сјајот на природната црна )тогаш вака какошто велиш со црно преубаво би било
можеш со бебешко розева,бела,црвена,сива, дури и со минт.... Спојлер иначе како би ги искомбинирале краткиве ?? освен виолетова и зелена боја
дечки на свадба сум за некој ден,сакав да прашам каква боја на штикли најдобро би одговарала и чанта.. значи моделот на фустанот ми е ваков,само и горниот дел е чипкен ем,и на средината има златно синџирче..бојата на фустанот е црна не најдев баш таков модел,ама се надевам ме разбравте ви благодарам однапред