Пошто фустанчето е црно можеш да го комбинираш со било каква боја на штикли и плик.Но,поради златното синџирче можеш да комбинираш со златни,кафеави или крем штикли и пликче
Значи што ти е целиот црн можеш да го искомбинираш со било какви штикли и ташна, размисли си која боја на сандали после би можела да ја комбинираш цело лето. Еве на пример во ZARA има преубави сандали оваа сезона, можеш какви сандали таква ташна а и не мора ташната може да биде пример и златн http://www.zara.com/mk/en/woman/shoes/c ... 54528.html еве ти ги овие можеш и плавите и црвените плус со златно се одпозади ... http://www.zara.com/mk/en/woman/shoes/h ... 93567.html http://www.zara.com/mk/en/woman/shoes/s ... 50665.html
Па со црна боја мислам дека сите бои одговараат, единствено не ми се допаѓа како стои црно со сино или зелено. Во овој случај можеш со циклама, кремаста или нешто златно.
Според мене ако направиш комбинација како оваа комбинација од сликата на Dog-lover најубаво ќе ти стои и прилега, бидејќи многу добро се вклопуваат црната и црвена боја, и на тој начин ќе заблескаш во најубаво светло.
file:///C:/Documents%20and%20Settings/master/Desktop/DSC05344.jpg Одговара? Спојлер Морав вака, зашто не ми се прикачуваат фотографиите.
Девојки мислам една комбинација за во сабота, рано е знам ама да си бидам сигурна Црна сукња со висок струк, бела проѕирна кошула на дебели прерамки, од позади има црна чипка, кремави штикли со златно, златен плик и златен накит. Ако е ладно ќе носам црно сако ако не е ќе бидам само со кошулата. Да или не? Што да сменам?
Сакам да прашам со што можам да искомбинирам куси панталони со висок стук бели со цветен дизајн и цветовите се со плава и светло зелена боја.. горе што да облечам ? ии ако може некоја сликичка, позз
Па сега еве нешто од мене се надевам дека нешто слични ти се панталоните. Убаво е со некое кошулче во бела боја, или плаво кошулче/зелено. Некогаш е убаво да не биде се исто униформирано во иста боја. Може поразлична нијанса на боја. Некоја блуска, некои обетчиња, ташничка и DONE. Средена си за час. Па, еве некои комбинации што онака ги симнав од нет и еве да имаш некоја претства. Сега не знам точно зелената боја каква е дали е минт боја или друга боичка, но еве јас нешто најдов. И направив + една комбинација. Имаш повеќе комбинации да направиш, со кошулка тексас, со балетанки, со чевли на плута, како сакаш каков стилот ти е. Спојлер
[Сликите ќе ги ставам во спојлер] Дали џемперчево одговара со фустанчево ? Џемперчето не е до горе затворено... Спојлер Не ми ги приваќаше целосни сликите па затоа морав да ги скратам...
Па вака колку што гледам одговара. Убава е боичката на џемперчето, а и фустанчето е убаво со точкици/срциња (не се гледа баш убаво што и да се, убаво е фустанчето и бојата). Баш сега во мода се точкиците.