Облечи си црни тенки хулахопки (ликра), елегантни се и мислам дека најмногу ти одговараат. Можеш и слика да ставиш да видиме колку е шарено фустанчето
Ако ја носиш оваа комбинација, мислам дека најмногу би одговарала со некои хулахопки во месо боја И мислам дека немаш потреба од многу накит, чизмите и бојата на фустанчето се доволно впечатливи
Имам еден кафена суќничка, сатенска. На две карнерки ми е а на крајот на карнерките златна трака (тенка), кратка но немам кафеава блуска. Сите што ги имам се некако разликуваат и не одговараат. Па баш ме интересира со што можам да ја искоминирам, така ми стои неносена.
Можеш и со кремаста тенка блузичка (но не памучна) да ја носиш или пак со кошулка ( што ќе ја ставиш внатре во сукњата)...можеш и со бело да комбинираш но никако со црно. Црно+кафеаво ми е многу лоша комбинација, исто како и црно+тегет
http://www.polyvore.com/cgi/set?id=25638527 Еве ваква ти е блуската? мене оваа комбинација ми е многу убава. (извини за линкот, но се мачев да ја ставам сликата, и во СДП прашав но никој не ми одговори, па морав вака)
Бидејќи ќе носиш црвено фустанче а чизмите се црни облечи месо боја хулахопки, или па можеш и некои така по сексипилни ама црни да се
Дали мислите дека убаво стојат кратки сиви панталончиња со проѕирни хулахопки и една виолетова блузичка(до пола гз) со нешо сиво на нејзе и црни високи чизми(рамни)? се мислам дали така да идам за нова год... ама дека ќе бидеме во куќа и не се замарам многу али ај да си прашам
Сега ја видов сликата, супер ти стои фустанчето. Црна ташна е подобро. Ако ти сакаш повеќе да носиш кожа-боја хулахопки земи потемни (коњак боја)
за нова година сакам да носам ваква туника само ке ја завратам во ракавите и е позатворена во вратот.ке носам лијакови дизајнирани хулахопки со лијакови завратени угг чизми,а од накит мислам дека ке носам лијаково ланче во коцки и сакам едни бели алки. Што мислите дали е добро
Ако можеш стави некоја слика, вака како бои ништо не ми значат, бидејќи не знам каков е материјалот , ама да бидам искрена месо боја хулахопките некако не ми идат во комбинацијава
Добри се, одговараат за сезоната.....јас ги замислував некако летни Само што овие во сред зима не одат со месо боја хулахопки, земи си потемна боја хулахопки (и подебели)....па после според долниот дел ќе си додадеш и некоја кошулка мене ми се чини дека тоа е најдоброто решение
^пасион и јас мислам дека панталонките пошто се така дебелки, зимски, подобро би оделе со потемни хулахопки, јас мислам дека најдобро би одговарале со црни
Девојки помош! За Нова година сакам да си купам панталони (најобични) темно сини или кремови (се уште се мислам) со црни високи потпетици, но проблемот е во тоа што не знам како тие панталони да ги искомбинирам нагоре.. Едноставно немам никаква идеја што би изгледало добро со нив Ве молам ако имате некоја идеја пишете ми. Благодарам однапред ПоздраВ
http://www.polyvore.com/tsumori_chisato_tiger_glitter_stripe/thing?id=24103783 Некоја ваква маичка би одлеа супер со тегет панталони и палто врз неа
Здраво девојки! Ми треба совет...со друштво планираме на 01.01 да одиме во колосеум на журка па ми треба совет како да се облечам,дали нешто поопуштено или?? ве молам некој предлог!!