И двата се убави, но повеќе ми се допаѓа како стои првиот. Црвениот фустан со бели точки одлично се вклопува со бисерите. :up:
Првиот. Можеш со друга боја на штикли и ташна да не бидеш целата во црвено.Пример со бела боја да искомбинираш,зошто имаш бела боја веќе на фустанот.Бисерите одлично прилегаат Убав помин кај што ќе го носиш
Дефинитивно првата варијанта, фустанот со бели точки :up: Втората не ми се допаѓа како стои во пределот на пазувите и градите, нема потреба прерамките од градникот да се гледаат, а и премногу е црвено. Кај другиот, белите точки освежуваат
Првиот- затоа што мислам дека повеќе му прилега на твојот тип на тело, а како што кажа Irrepleceable со бела ташна и бели штикли повеќе би одговарало.
Јас мислам дека и двата фустани ти стојат убаво, но според мене овој првиот мислам дека поубаво ти стои. Е сега, убаво ти пишаа некои феминки може да го искомбинираш со бели чевли. Точкиците се вратија во мода.
Како, односно со што да искомбинирам црна полупроѕирна кошула (какви што се носеа периодов)? Ја најдов денес во плакарот на мајка ми, па да ја носам некако Иначе целосно е црна, и има златни копчиња.
Сакам да прашам дали сеуште се носат оние кошула-елек.. одоздола т.е само во делот на јаката е имитација на косула и одзгора како елек.. се надевам ме разбравте на кратки ракави е, ја најдов во плакарот кој знае од кога хаха.. и вака на изглед ми се свиѓа но незнам дали сеуште се носат, што мислите вие ?