oсвен со корсет можеш со бела кошула,кратките може и на друг начин но јас би ги носела нив само во зима пример вака: Спојлер се надевам ќе послужиат примериве
Модни критики (за не толку храбри феминки) Девојки во петок сум на свадба,сакав да купам фустанче ама не сум многу по фустаните и некако не ми се даваат пари. Мајками ми го даде фустанчево и она само еднаш го има носено коа беше на свадба пред 1 месец,па се мислам дали да купам каивче за делот каде што се одвојува белото од плавото и плик која боја би одговарала највеќе и што да си купам и од накит?
Модни критики (за не толку храбри феминки) јас сум за да си купиш каивче а накит можеш син или светло розе така нешто
Модни критики (за не толку храбри феминки) Најискрено, јас ова фустанче не би го носела на свадба. Ако не се лажам ми личи на памучно, а тоа некако не ми е тип на материјал што се носи на свадба. Башка не ми е некако ни свечено.. би го носела секојдневно, за најобични прилики. Е сега, ако ептен ти се допаѓа тебе и плус ако не си при пари, можеш да го дотераш ете со каивче и накит, би можело најверојатно да испадне нешто убаво.
Модни критики (за не толку храбри феминки) Извини прво не сум од богата фамилија и неможеме крај со крај да скрпиме,купувам ефтина облека и си мењам со мајками,и така не носам фустанчиња неможам да дадам иљадарка за фустан,ке одам во шутка по 50 денари се каивчињата и 150 плик,толку можам,ако имаш ти пари дај ми па ке купам фустан по твој вкус
Модни критики (за не толку храбри феминки) Извини, а што си ставила слика тука ако не си способна да трпиш и критики? Ни јас не сум од богата фамилија и јас купувам ефтина облека, можеш да ми прочачкаш по мислењата дека секогаш прашувам кај е најефтино од таму да купам, само едноставно си изјаснив мислење како би требало да се оди на свадба, според мене. Не знам тука кај пишува дека не смееме да даваме свои мислења? Не упатив никаков навредлив коментар, ти пишав и дека можеш да го искомбинираш со накит и ташна ко што сакаш ако не си при пари. И плус пиша, не ми се даваат, а не - не сум некако при пари. Има разлика, нели? И извини ако те навредив не ми беше тоа намерата, само си изјаснив мислење.. што очигледно е забрането доколку е контра од нечие друго.
Модни критики (за не толку храбри феминки) Па добро ти самата праша за мислење, кога прашуваш не треба да очекуваш сите исти вкус да имаме , и девојката ништо лошо не ти кажа , баш културно си кажа што мисли ,и јас мислам дека памучно не е за на свадба и не знам зошто мора фустанче на свадба , можеш и панталончиња , кошулка нешто што веќе имаш , не мора да е ново .
Модни критики (за не толку храбри феминки) Извини прво не сум од богата фамилија и неможеме крај со крај да скрпиме,купувам ефтина облека и си мењам со мајками,и така не носам фустанчиња неможам да дадам иљадарка за фустан,ке одам во шутка по 50 денари се каивчињата и 150 плик,толку можам,ако имаш ти пари дај ми па ке купам фустан по твој вкус [/quote] Па добро ти самата праша за мислење, кога прашуваш не треба да очекуваш сите исти вкус да имаме , и девојката ништо лошо не ти кажа , баш културно си кажа што мисли ,и јас мислам дека памучно не е за на свадба и не знам зошто мора фустанче на свадба , можеш и панталончиња , кошулка нешто што веќе имаш , не мора да е ново .[/quote] Мајками ми рече дека сум изгледала во панталони многу секојдневно,не идам на свадба и крај,немам живци да се замарам и со облека и со се и сешто,и така доста проблеми си имам.
Панталони, обична маичка, впечатлив накит, штикли, пликче, и ете ти комбинација. Немора да е којзнае што. Или кошула можеш да си облечеш исто така на панталони или фармерки. Кажи ни ти што имаш низ дома облека, нешто посвечено, па ќе ти помогнеме да искомбинираш.
Не носам и несакам штикли,плус реков дека нема да одам на свадба затоа што не ми се оди, така да не се мачете..
lana еднаш напишав мислење па го избришав оти отпосле видов дека си се откажала од одење, но не би сакала да се откажеш поради лошите коментари овде Јас сум мноогу против панталони или фармерки за на свадба а на фустанчево извинете ама баш не му наоѓам замерка, јас би му врзала бела машна одзади еве вака би зела плик и накит како балетанките или бојата на шарата ако најдеш некој микс од тие бои со бело уште поубаво и тоа е тоа. Спојлер Навистина нема потреба да не одиш на свадба само затоа што на некои тука не им се допаѓало твоето фустанче било памучно-фармерки биле посвечени ви се молам како може фармерки повеќе да одговараат за на свадба отколку фустанче па какво и да е фустанчето едноставно несваќам но да не бегаме од темата што е КАКО ДА ИСКОМБИНИРАМ а не фармерки на свадба или дали ти се допаѓа фустанов
Фустанчево е според мене супер. Само земи си некоја машничка во сина боја,врзи ја како панделка назад,напред како сакаш,едно долго впечатливо ланче и плик во сина боја и супер ќе биде. Значи,немој да не одиш затоа што не си земала фустанче од најнова мода. И најстаро да е,со малку труд,ќе биде поубаво и до ново. Затоа,земи си впечатливо ланче,плик и некоја лента за кај делот кај половината и ќе бидеш најубава.
Феминки како би искомбинирале вакви пантолончиња исти се вакви само без панделката се мислам за светло розе,друго нешто не ми текнува
^ Можеш со сите бои да искомбинираш, зашто се кремови. Неутрална боја би стоела добро со сите бои, но бидејќи е лето, со светло сино, светло розе, тиркизно, портокалово, жолто, бело, виолетово, црвено, нешто шаренко маиче со повеќе боичи. Ако имаат гајки, можеш со бела кошулка и каивче во боја, па иста боја балетанки. Мене многу ми се допаѓаат ваквите парчиња, во неутрални бои, зашто се лесни за комбинирање. Дреч маичка супер би стоело, со исти такви обувки, кремовото ќе смири. Повеќе сликички во споилер: Спојлер
Едно малце глупаво прашање Дали би одговарало вакви слични сандали како на сликата (неможев да најдам подобра слика, но тука некаде е моделот, имаат некоја минијатурна платформа од 1-2cm) со фармерки доле подвиткани (на тоа место имаат нешто како златни нитни)? Должината е некаде над глуждот. Ама објаснив...
Не би изгледало мн. добро бидејќи станува збор за boyfriend тип и во комбинација со такви сандали, ќе дојде малку невкусно, линијата на фармерките+ременчето од сандалите, кои со нивниот дизајн малку би прегрубо изгледале, а да не зборувам ако фармерките се светли.