Значи вака, фустанчето нема цветчиња во впечатлива бела нијанса, и да стави бели сандали нема ништо да "отвори", туку само ќе изгледа утнано. Пред се, иако има цветен принт, сепак крагната, ракавите и половината се обележани со црно. И не мора црни сандали, туку може тегетни, кафеави, суптилни беж итн.
Значи вака јас си кажав мое мислање и како јас би го носела со моите 17 години и мојот стил во кој не влегуваат ни случајно целосно церни(темни комбинации) посебно не во лето и фустаанот ни под разно не би го носела со тегет,кафено или каква и да е темна боја, е сега може со црните штикли ако нема друо секако нема да купува штикли/сандали само за фустанов А ако ти овде имаш намера да доминираш во дискусија и на секое мислање да го пишуваш по којзнае кој пат твоето или да се правиш сезнајко слободно, јас се тргам од темава Значи девојче ти кажав за фустанот што имав од тука натаму е твое
axl-babe супер се балетанките. Убаво се вклопуваат со фустанчето. Ќе ти одговараат и црни, бели или плави балетанки.
the-girl1 - Со бела, црна, кремова, розева, зеленка, некоја со линии, некоја со некое цветче на неа во боја. За на нозе со балетанки, римјанки но мислам дека со некои сандали на полна пета убаво би стоеле. Ми се допаѓа тука на сликата со каивчето, можеш и така, со кошулче внатре. Unique.chick - Римјанки, отворени некои, со нешто сребренко, сивко. Да не бидат така обични, ама не и многу џиџани. Исто со балетанки, а ми се допаѓа и со штикли, но друга боја, не сива или црна. Нешто црвено, розево дреч, овие жолткиве што ги имаш ставено исто. Jule.Sk - Мене повеќе ми се допаѓа со тие што ги носиш, не овие другиве. axl-babe - Одговараат. Многу слатко фустанче .
Jule.Sk - затворените повеќе ти одговараат. axl-babe -Фустанчето е преубавооо! Од кај ти е ? балетанките ти одговараат ,а повеќе би одговарале бели.
Бидејќи фустанчето ти е со црно највеќе ќе ти одговараат црните. Најдобро е ако имаш црни сандали. Предлог: Се надевам дека ти помогнав
Ми се допаѓа комбинацијата, но доколку имаш бели или сини балетанки (како фустанчево) би било уште подобро. Но и вака е добро.
Јас овие би го носела само за на плажа или базент евентуално, но гледам девојки ги носат и по кафиќи и на плоштад што мене ми изгледа многу одвратно
Се согласувам со levely дека овие сандали е најдобро да се носат на плажа. Можеш да ги комбинираш со некое црвено фустанче или со боја како останатите цветчиња на сандалите. Предлог: Спојлер
За излегување не се, но за на летни фустанчиња и шорцеви со маица се добри, за секојдневни прошетки се супер. Бидејки ја нив има повеќе бои најубаво да комбинираш со боички како цветчињата што се и со бела боја.
Irrepleceable, од сликите што ги има постирано Summerlover, тие римјанки најдобро би стоеле со 3 слика, со фустанчето розево, 4 слика со долгото макси фустанче, и 6 слика, со шорцевите и маичкта. Некако тие ми се поопуштени комбинации и најубаво со нив би стоеле. А нема врска, носи си ги за испаѓање, нема врска. Демек има некое правило каде што како се носи. Мене баш ми се цакани, јас би ги носела во кафич, не па за испаѓање. Имам слични вакви, немаат цветчиња само линија, црни со бело се и си го носам каде сакам, ништо неможат да речат.
Убави се да,само прееска кога ги разносував ми направија раничка доле на палецот. Ти прават тебе така или со тек на време се навикна? Спојлер Фала на сите феминки за предлозите