Пластични се, прават ранички на почетокот додека да ги навикенеш, јас имам нешто слично, само не како апостолка тука како балетанки се од вака гума-пластика, али мене ми се прецакани. Зашто само за на плажа глупости, ту бре ама сте официјани, што носите за некои свечености се прашувам балски сатени или не знам што. Убаво ти рекоа, за дневни комбинации ми се сосема нормално и повеќе од океј, комбинации со сите шорцеви, памучни здолништа, фустанчиња летни лепршави,маички,па и со фармерки зашто да не. Убави се преубави да ги носиш ич да не му ја мислиш...
Мене ми прават уште, но јас го најдов решението. Ставам малку ханзаплас на тоа кај прстите што е, незнам како да го наречам. Не цел ханзаплас, го сечам таму кај тоа памукчето, и му оставам од страните малку леплива трака. Не ми се познава, а и подобро се чувствувам.
Irrepleceable прашува како да ги носи, а не каде. Јас не знам зошто сите и одговарате само на плажа па на плажа.
Не се согласувам. Вака повеќе би демоде и vintage изгледало, отколку тренди. Може да стави кафеаво каишче (тенко, никако дебело) и балетанки, или пак кафеави сандали (штикла). Уште по шик би било доколку вметне црвен тон, односно чевлите и каишчето да бидат во црвена боја. Така ќе го неутрализира принтот, а истовремено ќе освежи и ќе биде уште повеќе забавно за носење.
Спојлер Не сваќам што побогу и е идеата на феминкава?? На секое мислање од друг да пишува дека не се согласува како да ни е гајле дали таа се согласува или не Ааа да и секако никако не заборава на кафената боја - оди со се Едноставно не сваќам значи ова е форум јас мислам дека фустанчево оди со бело, ти со кафено, некој трет со жолто, во ред е секој од нас да си пише мислење ама не и да го наметнува своето мислење повторуваики се по сто пати и негираики ги мислењата на другите како што правиш ти Да не бидам офф да се вратам на фустанчево Јас би го носела со секаква боја, бело,црно,црвено,шеќерно розе, корал,крем(нуд боја макар што не ти ја многу препорачувам го убива фустанчево ) што сакаш, само земи ташничка со иста боја и помасивен накит со иста боја и тоа е тоа
Ги порачав од човек што прави чевли по порачка, и кога ми го донесоа, ќе паднев во несвест колку ми се грди и плус како сум ја одбрала најгрдата розева боја некако ми е демоде избледена, поубаво изгледаше кога ја видов и цел месец ги скрив да не ги гледам да не се нервирам за потрошените пари, не знам ни на што да ги носам, помош феминки, дајте ми идеа барем да им направам нешто да ги офарбам со некоја боја или идеа како би можела да ги носам...
феминки може да ми дадете некои идеи за комбинирање на бели тексас панталонки(кратки) со висок струк? не сум во можност да ставам слика од нив,се извинувам
Зашто толку комплицирате со толку едноставни парчиња облека? Шорц е, со што се не може да се носи.... Значи сите маички кои ги имаш, кошулки, топчиња, буквално со се. Па бел, што боја тешка си одбарала што не иде со ништо Бело е соврешно за летно време, посебно ако си поцрнета, баш убаво стои. Не ми е јасно нависитна некои од вас какви совети давате колку да се напише нешто, не зашто гледате тоа да е навистина така.
мене не ми се до толку грди како модел ама незнам зашто си одбрала розева боја дали можи да се преправат кој знае, али можиш да ги носиш со фустанче некое белко така, со розе каишче, розе нокти шо знам
Ти благодарам за одвоеното време да напишеш и ти нешто. Инаку барам слики за да видам како би изгледало,зашо не сум храбра за да комбинирам бел шорц. А далеку од тоа дека намерата ми е само така да напишам нешто,т.е да бидеме директни зголемување на бројот на мислењата. Благодарам уште еднаш, поздрав
^ Последната реченица не се однесуваше на тебе, ама ако си ја имаш мувата на капата... Ете дог-лавер била пофина од мене ти постирала убави слики па нека ти користат. Само уште не ја сваќам која би била храброта за да комбинираш кратки панталончиња па бели. Посмело малку, или па имаш и таква шанса на гугл да напишeш САМА white shorts combination, не мора се на готово нели Затоа што тоа би била и нашата помош.
Па не се до толку грди...Ако веќе не сакаш да ти се гледаат облечи си подолг цветен фустан и готово! Ем тие нема да се гледаат ем ќе можеш барем некако да ги носиш. На бело се одговара.Што и да облечеш ,каква боја и да биде ќе одговара.
feminium Ејјј welcome back! Мислев, по последниот пат кога напиша, си реков, лелее туу отиде девојчето. Можеш слободно што сакаш тоа да си напишеш, таман работа Не сакам и да помислам, со ќе беше да немаше опција скриен текст. Ама немој ич со мене да се замараш
Морам да се сложам со Hipster. Јесте дека темава е за помош, ама мајке ми претерувате. Како да искомбинирам бели, како кратки фармерки ? Жити се, како ги комбинираш долгите фармерки ? Прашајте ајде како да ги искомбинирате новите чорапчиња Adidas
споилеров е бидејки сум офф за што многу им се извинува на другите форумџики Спојлер статива душо ни под разно не би се вратила во темава, случајно видов како и на други форумџики им контрираш на мислењата и морав да прашам како може некој да има толкава желба да доминира во дискусија(да не речам да биде досаден) Секако дека можам слободно да си напишам што сакам исто како и ти, но на што ќе личи темава ако го пишувам тоа по сто пати- како што правиш ти?? Тоа стои дури и во правилникот на форумов еве прочитај и самата и ќе сватиш дека твоето однесување е сосем спротивно од ова Сега да не биде мислењево залудно потрошено да се вратам на комбинирањето розевите штикли јас исктено не би ги носела вакви какви што се, можеш пример да им залепиш по една машничка напред или некако да ги преуредиш ременичките,можеш да ги обвиткаш со лента и истата да ја врзиш во машна на страна или одзади или пак офарбај ги во 2 бои пример розевото и црна е сега навистина незнам колку ова би функционирало, сепак најлено е да ги носиш со долг фустан или суќна(можеш бела, розе, црвена како што пишал некој погере, и нагоре маичка) нешто вака, штиклите нема многу да се гледаат
Воопшто не сакав да доминирам ниту пак слично. Кога го дадов моето мислење за не- за бели балетанки, ти веднаш одговори "не гледам зошто да НЕ", со големо не, при што јас морав да ти објаснам зошто јас така мислам, бидејќи сепак станува збор за мода, а не за љубовни теми. Второ можам слободно да го кажам своето мислење, па дали тоа вклучува согласување или не. А сега кој се како огномет веднаш ќе се налути од едно мое несогласување, негов избор.