Не за предлогот, инаку нема потреба од ланче. Можеш да се фокусираш на прстен или обетки, кои можат да бидат и наједноставни бели бисери
Како што кажаа и другите,самиот фустан е шарен и впечатлив и нема потреба од никакво ланче.Можеш да додадеш само некои мали бели обетки и некоја поголема алка.
Јас мислам дека црно ланче со мали црни обетки би ти одговарале највеќе или пак големи обетки и некоја алка. Во секој случај ќе ја истакнеш женственоста. (Фустанот ти е супер ) Спојлер Се надевам дека ќе ти се допадне
danniela5- И јас мислам дека само нежни обетки(црни или бели) како топчиња што се би ти биле доволни. Можеш и алка некоја да ставиш, но немора. Нешто вака
Си купив маичка по прерамки со цветчиња од Терранова,црна позадина и цветчиња во повеќе бои...со неа мислам да носам црни шорцеви или хеланки...Дали ми треба некаков додаток,се тоа ми изгледа многу обично ? Принтот на маичката изгледа приближно вака ( како нејзината суќничка) http://cdn3.chicisimo.com/thumbs/files/ ... middle.jpg но не исто...
Девојки ми треба мала помош од вас. Вчера си купив фустанче, на кое од предната страна има ставено брош(цвет) но не некако не ми стои баш најубаво на фустанот, се мислев да ставам друг... но сепак не сум сигурна, се двоумам. Подолу ке ставам слики од фустанчето , па би сакала да слушнам ваши мислења во врска со тоа, дали да го задржам овој или е подобро да ставам( купам или сошијам) некој друг па може и некои слики да постирате како да изгледа тој.
Јас мисла дека треба да го видиме како ти стои на тебе, инаку на мене сега за сега ми се свиѓа цветчето
Зависи во која прилика би ја носела. Но и да ставаш накит, нека НЕ биде нешто многу впечатливо, бидејќи маичката си е таква самата по себе.
lav4ence.e.e, мене не ми се допаѓаат баш брошови, но кога се мора, јас би одела со некој метален, голем и интересен. Овој ми е некако cheap за ваков фустан, не ми изгледа добро. Нека биде во форма на цвет но метално, оние што се ставаат и вадат, ако успева некако. xoxolea - Ако веќе сакаш накит, јас сум за обетчиња или за некое интересно прстенче. Маичката е со принт, не би сакала да видам со ланче горе, а посебно не од оние големите, сега што се модерни и актуелни. Обетчиња ситни некои, дали топчиња, дали нешто друго. danniela5 - Јас не сум за ваков тип на ланче, туку некое полетно, со некои кругчиња дебели, во боја може. Додека пишувам ми се врти слика со розеви кругчиња, мислам дека ќе стои убавко. И долго да биде.
Ако може да ми предложите модел на фустан така посвечен,на свадба сум сакам да шијам ама за пополна девојка
Еве за инспирација: Бидејќи не знам од кој тип на пополна девојка, може и во стилот горен дел потесен, па од половината се раширува.
http://sunnythiknits.files.wordpress.co ... es-svg.png еве како вторава девојка,мислев некако да ги прикријам рацете