kelly.r еве ти неколку сликички од фустани во кои рацете не се откриваат толку многу. Се надевам некој ќе ти се допадне Спојлер
Штом е таква работата, фустанот треба да биде дизајниран така што визуелно ќе даде поголем волумен на половината, а притоа ќе ги неутрализира рамената. Oвде совршено ќе ти дојде новиот тренд познат како "peplum". За рамената, дефинитвно избегнувај нешто од типот на корсети, значи се што е широко отворено. Задржи се на V-изразот. За твојата форма највеќе ќе одговараат wrap фустаните. Еве ти конечен пример, а од претходните слики, второто бело истотака ќе ти одговара
Се самоцитирам Сакав да ве прашам дали би одговарало наместо брош да носам некое ланче,некое дебело или пак некое нежно?
Би одговарало. Е сега дали ќе ставиш нежно или некое повпечатливо зависи и од тоа што друго имаш планирано да носиш од накит. Јас би носела некое повпечатливо ланче и сличен впечатлив прстен а од обетки и алка нема потреба.
Девојки ај кажувајте со што ќе ми одговараат шорцевите?Одам на спортски натпревар и не знам дали да носам сандалчиња или балетанки или пак ниски патичиња..видете ги сликите па пишете што најдобро би ми одговарало,патем каква маичка или рамбовка би ми одговарала? п.с шорцов се темнозелени,маслинеста боја Фала однапред
Jule.Sk ќе ти одговараат и со патичињата и со сандалите, само зависи каква маичка ќе носиш. Еве ти неколку сликички за инспирација
Сепак одиш на натпревар, зошто би носела сандалки? Најдобар избор според мене се патичињата со шорцевите и некоја едноставна маичка, рамбовка. Тоа е доволно
Си купив вакво корсетче како овие на сликата,само моето е памучно. Е сега, со што да го комбинирам? Ако ставам сукна малце од стомакот се одскрива со што може друго? и посочете ми кое за дневна комбинација и дали може да се носи навечер?
Најубаво носи си ги патичињата и или рамбовка или пак некоја поспортска маичка.( нешто во кое ке се чуствуваш удобро) Доколку ја сакаш црвената боја и носиш ваков модел на патика носи си ги, убави се Корсетов е убав има милион комбинации на интернет кои се преубави но се зависи од тебе, како ти се чуствуваш во него, јас лично доколку ми се гледа стомакот не би го носела. Но доколку ти немаш проблем со тоа можеш да го носиш и со висок струг на шорцеви, сукњи, фармерки. Не сум во можност да ставам слики се извинувам.
Корсетот многу убаво ќе стои со шорцеви или сукња со висок струк,според мене можеш да го носиш и преку ден и за навечер(тогаш можеш со штикли). Eве ти примери: Спојлер или со шорцеви.
Можеби не е ми е прашањево тука. Но сакам да прашам дали е срамота имам 17 години да носам некој долг фустан за свадба? Нешто вака да не е нешто многу гламурозно.Поедноставно нешто? Фала однапред.
Воопшто не е срамота. Лани кога јас бев на свадба ,девојче од 14 години носеше фустан кој и се влечеше. Само да нема толкав голем шлиц.
Го делам мислењето со другите дека може, само без шлицот или пак со некој помал. Инаку не е срамота и ако многу сакаш да го носиш, носи го таков каков што е, со шлицот. Имам видено дека и некои колку тебе си носат. Како сакаш ти.
Не бе зашто срамота,јас имам носено на една свадба ваков само без прерамки во крем боја Спојлер п.с. темава некако имаше посебно значење за мене,мислењата јубилејно ги трошам на неа,тука ми беше првото,тука ми беше 100то и тука нека ми биде 1000то мислења