Мисли се какви сандалки ќе облечеш, а не маичка, а уште повеќе па кошула. Така како што е, е баш таман. Изгледа едноставно, но убаво. Не знам зошто да носиш нешто одоздола, кога така би изгледало како од 2000. Уживај, така е супер
Никако немој да облекуваш маичка или пак кошула, доколку сакаш нешто да промениш би те посоветувала да си ги украсиш со нитни. Ноо и вака се убави и можеш да ги носиш и со балетанки, сандали, со обувки на плута па мислам дека си со стартки ке одговара.
За да добиеш лежерна комбинација, би можела да облечеш обична бела лабава маица може со принт ама и не мора, и старки. Ако сакаш поженствено, но пак лежерно би можела да го тргнеш постоечкото каивче/ врвца и да ставиш пр. тенок кафеав каиш ама одозгора, не да го пикнеш кај што стои тоа другото и можеш да го носиш со бели балетанки или римјанки. Додади поголема алка, може да е кафеава или бела. Косата во плетека на страна, за по лежерен изглед ваков шешир
Девојчиња си купив една крем марама прилично тенка , а доле е како извезена, ја начекав ептен ефтино па затоа ја зедов, ама не знам дали е сега времево за марами се носи ли? И со што би можела да ја искомбинирам а да не делувам "зимски"
^^Па можеш да ја носиш, ама пак не треба да биде многу жешко, бидејќи ќе ти смета. Крај на август, почеток на сепрември ноќите знаат да бидат свежи, па зошто да не. Spoiler
Па сега, не дека летно време е совршено за марами, повеќе е за пролет, но во ред е се додека на тебе не ти смета, т.е не ти е претопло. Мој предлог би бил дека можеш да ја носиш во комбинација на maxi фустан со кратко фармерско палто. Потоа на панталони (може долги, како на сликата во светла боја, па дури и со цветен принт, а може и кратки панталонки) со некоја шик маичка, можеш дури и на некое интересно фустанче. Се е до тоа како ќе ја искомбинираш, бидејќи aко се утне една работа, може да испадне невкусно.
Всушност, марамите повеќе се носат во есен, обично таа сезона, но ако тебе не ти проблем да ги носиш сега, на повисоки температури, во ред. Можеш да ја комбинираш со деним (џинс) кошула и крем чанта, некои темни пантолони, и црвени потпетици, за да ја разиграат малку комбинацијата(не мора се да е во свој ред, строго, може и нешто да отскокнува , што па да не ). Можеш и со темнозелени долги комбилизонки без ракави, лично мене многу ми се допаѓа комбинацијата крем, беж нијанси со темнозелена. Комбилизонките плус марамата и потпетици со принт. And you ready to go ! Можеш на преемногу начини да комбинираш кремова боја марама, бидејќи е доста неутрална,nude и се комбинира мошне лесно.
Чипкаста кошула како да ја искомбинирам? И имам 2 прозирни блузи кои немам поим како да ги искомбинирам,и си стојат со етикета Spoiler Некако незгодно ми е да ги носам на прслук само Дадете некои предлози :geek:
За целосни комбинации за дадам предлог, подобро ќе биде да ги сликаш, бидејќи само чипкасто и прозирно не е многу опширно. Инаку, ако ти е неугодно да ги носиш само на прслук, тогаш носи кремаста маичка одоздола и нема ништо да се познава, а сепак ќе изгледа убаво.
Воопшто не е срамота. Па мислам дека би можела некако вака. Spoiler Чипкастите кошули се лесни за комбинација. Пример: Spoiler За да не ти биде незгодно со прозирните блузи, стави си под нив маичка во боја на блузата или пак некоја друга боја можеби би било поинтересно.
Вчера тетка ми се врати од Италија и ми донесе вакви чевли a бидејки долго ги посакував се израдував ептен но сега не знам како би ги искомбинирала, може малку помош и некои идеи?
Се носи,а зошто да не ? За марамите не постои годишно време. Еве неколку идеи како да ја комбинираш: Spoiler Зошто би било срамота ? Секако дека нема да биде!