Зашто да не одговараат? Баш поубаво ќе стои. Јас обожавам во боја хулахопки пред се дека носам и да не се црни, зашто така со црни чизми се создава монотоност на нозете цела црна си. Вака супер ќе е. Добро е ако имаш и сива ташна или сива јакна или сива марама.
сакам да носам значи сиви хеланки со сиво блузиче чизмите ми се црни кожа(скај) е такви де нешто со црно кратко јакниче исто кожно ок е незнам зашто се збунив дали ке ми одговара
Лина Каишот е таков дебел за на половина. И јас се мислев заради тоа и прашав. Го имав тука постирано каишот.
^^^ Росоњерче, според мене зелената најмногу оди со бела, и со црна де...ама со бела ептен ми е добро....можам да го замислам со некои бели пантолони, некој бел топ...супер ќе биде....а вака по зимски, згодничка си ти, удри му една доза хеланки црни, со црни високи напред подигнати салонки, црн корсет или топ...и топ е сега незнам ти во која категорија пеше...дека легинсот не се, или се пентс ....ако не си, место хеланка, стави црни цевка пантолони....мене ми се допаѓа, ама тоа златното на ракавите би го отшила....
Имам исто фустанче и го носам и сега, често знам да го носам со сиви хулахопки , а понекогаш го комбинирам и со фармеки црни, долниот тесен дел го пикнувам во фармерките некое штосно ланче, високи штикли, палто и излегувам, го имам кобинирано и со кошула не стои лошо
Феминки да ве прашам дали одговара овој каиш? Доле би носела црни хеланки со салонки или црни цевка фармерки. Спојлер .Слика
Со вакви чевли можеш многу комбинации да направиш. 1. Тесни темни фармерки, интересна маичка на бела основа и црно или сиво сако од горе. Додатоците да бидат на сребрено, а чантата црна или сива. Оваа варијанта е работна, или за прошетка или кафе. 2. Некое едноставно фустанче со обичен прав крој. Без карнери, светки, и триста чуда на него, значи обично фустанче. Искомбинирај го со црни хулахопки. Ова ти е така посвечена варијанта, за дотерување. 3. Интересна шарена сукњичка со црни хулахопки и едноставна црна маичка. Додатоцие избери ги во зависност од шарите на сукњичката. Види што имаш во плакарот, и комбинирај, пробувај, менувај. Немој да смислиш една комбинација за чевлите и само во таа да се заносиш. Овие се баш интересни чевлички и може да ги комбинираш на мнооогу начини. Се надевам дека помогнав.
Вториот предлог за со фустанче и мене ми беше во глава, ама се мислам дали би одговарало со високи чорапи? м? А за првиот предлог, немам сако :/, би одговарало со некое џемперче, од оние кратките или долгите?
Со високи чорапи над колено така? Може и со тие, ама многу внимавај на изборот на фустанче, за да не испадне измешано и невкусно. А за првиот предлог, може и со такви џемперчиња. Можеш и некоја кошулка убава ако имаш, да ја ставиш во панталоните , а на фармерките да ставиш каиш.
Оооо мацо, преубави ти се чевличкиве. Јас не би додала ништо повеќе, Старфиш веќе ти одговори тоа што требаше.
malku pomos crno fustance i crni stikli ide so crveno paltence i crvena tasna ili pa marama ? [mod-kirilica:193iil8j][/mod-kirilica:193iil8j]
Нормално дека иде, зошто да не мене ми е многу убава комбинација (имам така нешто слично носено) можеш и црвен кармин и некој црвен накит (без марама) или пак марама како сакаш ти поззз
Пред некој ден си купив вакво крзнено палто само не толку дебело , бела боја со што можам да го искомбинирам може ли некои совети сега сакам да излезам и да го облечам , дали може со бели пантолони и црни чизми