Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да искомбинирам...? (помош од Феминки)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од FBI, 27 декември 2010.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Срамота е ако планираш да ги носиш во школо! Стварно е срамота и на ништо не личи со хеланка коа ќе ги видам во школо или на факултет, па гаѓата се проѕира колку и да не гледаш ќе ти забоде очи. Никако, значи никако хеланка во школо со откриен задник, со туники е сосема ок.
    Хеланките ги прогласувам за најсилувано парче (долна) облека за 2012-2013 година. Ктастрофа значи :x
     
    На naturally, eliesaab, kikkki и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Ај јас да прашам :) Дали оди ваков модел на фустан со овие чевли?
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    НЕ. Тие чевли уствари никаде не ни одат, ептен ако не си повикана на кастинг за Пепелашка. Фустанчето е баш симпатично, не го комплицирај, одбери убавки тренди балетанки или шик сандалки и ете ти.
     
    На kolache.99, Sara123, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Umbrella22, јас морам да се сложам со Самерловер, чевлите се само за кастинг на Пепелашка. Јас не би ти препорачала да ги носиш. Фустанчето е слатко, искомбинирај со бела балетанка или некои бели или црни римјанки.

    anastasijaki, мене баш ми се допаѓа кога ќе видам со марама летно време. Многу штосно ми делува. Искомбинирај со едноставна маичка во бела или друга летна боја, може тексас палтенце како на сликите.

    EMILI1999 - Па хеланките ги сакам само ако се носат со нешто под газ. Долга маичка, кратка маичка со долго џемперче, дуксер или туника. Нема ништо срамота ако е во делот на границите.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Umbrella22 со фустанчето најдобро да си носиш балетанки или сандали, исто можеш да носиш нешто на плута. А ципелкиве, незнам, можеби е до вкус но не ти препорачувам во ниедна комбинација да ги носиш. Да се балетанки во ред, да се на висока штикла исто во ред ќе се, но вака не се за носење.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Фустанчето е преубаво,ама штиклите не ми се допаѓаат воопшто.
    Ајде може за повозрасни жени +50 години,некако може,ама за помлада личност,девојка на 23-4 години ако не се лажам,не.
    Многу подобро изгледа со балетанки или пак на штикла на плута.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    502
    имам вакво исто само без прерамките како може да го искомбинирам ? се мислам на една свадба да го носам
     

    Прикачени фајлови:

  8. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Како и да го искомбинираш, не можеш да го утнеш. Црнко е, едноставно, а интересно и шик. Можеш да продолжиш со некоја златна нијанса и убави сандалки (штикла). Можеш да додадеш некој богат тон како смарагдно зелена, вино црвена, можеш портокалова, или виолетова. Дури и беж, елегантно и classy. Се си зависи од твојот вкус. Не му ја многу мисли ;)
     
  9. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602


    Доколку го има делот со златен патент ланче никако не носи, туку некои впечатливи златни обетки и таква алка. И пликот нека е во златна или во црна боја. Јас би носела златен но доколку немаш носи црн а чевлите нека се издвојуваат,Носи салонки како на сликата, доколку зелената боја не ти се допаѓа носи друга боја, но нека биде некоја повпечатлива да се дели.
     

    Прикачени фајлови:

    • img-thing.jpg
      img-thing.jpg
      Големина на фајлот:
      15,1 KB
      Прегледи:
      133
  10. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Незнаев каде да го поставам прашањево па решив тука

    Девојки во што да одам на крштевка на едно бебе, не ми е роднина,всушност мама и тато се кумови и сега незнам дали треба нешто посвечено или нешто кежуал??
    Секако неоди свечен фустан ама некако и фармерките не ми одат, навистина незнам во што се оди на крштевка :?: :?:

    Помоош :hai: :hai:
     
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Најди си ја златната средина. Секако дека сега нема во некој сатенски фустан да ги претеруваш работите, ниту пак во тренерки како воопшто да не те интересира. Можеш пр. бели или беж панталони со тренди маичка и сако, или пак некоја шик сукњничка со навидум лежерна кошулка (може и фармерска). Фармерки исто може но да се стварно скоцкаш во нив, не некоја ептен опуштена комбинација. А зоштп да не и некое фустанче, така classy and elegant, со нежен материјал и убава боја (корална, сивка, тегет, темно розево итн).
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    ^ И јас сум на крштевка, моите се кумови исто, па ќе носам обично фустанче и балетанки, ти можеш некое фустанче и некои сандалки :?: :)
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RIHANNCE

    RIHANNCE Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    [​IMG] со што да го искомбинирам третиот елек? ми треба некој понеобичен одговор , не само бела/кафена блуза :)
     
  14. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Штом твоите се кумови, тогаш самата прилика ти дозволува да облечеш нешто посвечено, но сепак не треба да го погазиш фактот дека во тоа што ќе се облечеш треба да се чувствуваш убаво и удобно, и пред се тоа да бидеш - ти.
    Значи, доколку се чувстуваш убаво во фустан, облечи фустан, но не мора да биде премногу свечен, пред се да биде баш како за твоите години. Исто така, на настан како што е крштевка не личи да облечеш и нешто што е премногу кусо, деколтирано и слично.
    Инаку, доколку ти се чувстуваш убаво во фармерки, облечи си фармерки или пантолони, искомбинирај со некоја кошулка, штикли (доколку носиш), пликче, накит...
    Според мене, нема некое посебно правило, пред се битно е да си пристојно облечен и да се чувстуваш пријатно и самоуверено во тоа што го носиш на себе. :)
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    • jhdhfd.jpg
      jhdhfd.jpg
      Големина на фајлот:
      71,8 KB
      Прегледи:
      268
  16. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    ^^ еве ти некои слики :)
     

    Прикачени фајлови:

  17. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски

    Не! Немој никако со тие чевли! Не одговараат со фустанот а јас не би ги облекла ни за по дома!
    Еве ти некои предлози..

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  18. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Можеш со некоја посветла нијанса мастило боја кошулка ама или крем и со масивна марама ,марамата со некој принт нешто туфни .машнички ама со некој ситен принт , долу може фармерки и завршена работа .
     
  19. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Како да искомбинирам од тие фустаните црни со бели точки?
    (мислам знаете за каков прашувам,неможев слика да најдам..) :)
     
  20. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    За да ја разбиеш црно-белата монотонија, можеш да си комбинираш со црвени штикли и црвен накит. Сепак, зависи и каков е моделот на фустанчето, доколку е од ваквите модели:
    [​IMG]
    тогаш можеш да си ставиш некое тенко каивче (во иста боја со чевлите), со вметнувањето каивчето ќе дојде до израз линијата на телото.
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.