Ако сакаш ти ич да не ти е гајле за другите и да си го носиш Инаку интересно ќе биде со зеленки сандлки и ташничка
Комбинацијава е едноставна, но убава, и секако дека одговара. Мене повеќе ми се допаѓа тенкиот каиш што е на првата слика. Таквите црно-бели хеланки со сите бои добро се вклопуваат и супер изгледа таквата комбинација, но треба да внимаваш каква боја ти се патиките или врвците на патиките таква боја да ти биде и блузичката што ќе ја носиш. Спојлер Сликиве се некако да ти доловам комбинација инаку знам дека не ти се вакви патиките како на сликата, но мислам дека убаво ќе изгледаш.
Со бели, беж, темно црвени, црни, темно виолетови, темно зелени, сиви, маслинесто зелени..Па отприлика би одговарало на повеќето бои.
Фала ти многу Summerlover.м Уште нешто,сакав да носам утре бордо панталони,бела маичка на кратки ракави и тексас јакна,би одговарало?
Нема на што И да секако дека ќе одговара зошто да не, веќе кажав бордо ќе одговара, а додатната бела е неутрална боја, така да немај гајле.
Јас имам слична ваква јакничка и ја носам со се ! Значи нема комбинација со која не би се уклопила! Со секакви пантолони одговара,можеш и да носиш фармерки па да бидеш повеќе во тексас или некоја друга боја (било каква).
Само со тексас не би ти препорачала да ја носиш, некако ќе му дојде премногу, а вака со било која боја можеш да носиш.
имам вакви панталони и мерак ми е да ги облечам само немам идеја со што би ги искомбинирала освен со клот црна маица. Aко имате идеи хелп
^Можеш со беж блуза или кошула,можеш со блуза со црно бели риги,можеш и со бело и со сиво. Само горниот дел да биде еднобоен,да не биде многу шарен.
Уникатно е и шик. Покрај стандардната бела, црна, и кремаста маичка (кошулка, рамбовка), еве ти и др. малку по различни идеи, во кои не само се вклучени други тонови, туку и принт, за да видиш дека може и со посложени модели да го вклопиш
^^со еднобојна кошула или блуза во билокаква боја.Кога ке залади можеш и со некое џемперче од овој тип
Имам ваква сукња, ама премногу ми е едноставна (меѓутоа не сакам да ја преправам, да и ставам нитни и сл.) Дали е премногу старомодна за носење?
во глобала тексасот не излегува никогаш од мода..ама јас лично имам некоја чудна навика на носенје тексас сукњи Gи комбинирам само зимно време со убави дебели хилахопки кошула и убав џемпер на V израз