Купив нешто слично ваква сукња, е сега барам помош од вас, со што да ја искомбинирам за свадба? Како мислите повеќе би одговарало со бела или црна маичка, со кошула или? И со какви штикли би одговарало?
Добро е ова, само што ја корсет никако , не ни имам гради за тоа, а не би ни носела, не сум тип за корсет
Имам и јас слични сандали со истата боја,најчесто ги комбинирам со тирказно и бело,или тотал блек со ташна боја иста како сандалкте ,но не мора да значи.
Денес ме изненадија! Долго посакуваните сандали беа пред мојата врата. Слични се на овие, сакам во прва прилика да ги носам, секоја комбинација е добродојдена. Викендов сакам да ги носам со некое фустанче, имам крем, бело.. мислам дека убаво оди со овие бои.
^^Ммм многу се убави. Се сложувам со levely, со бело фустанче многу одговара, плик во боја како сандаливе и накит , прекрасно би изгледало :up:
Ја имам оваа маичка: И сега сакам да ја искомбинирам со оваа сукња(не се забележува на сликата,ама има и жолто) Ама не знам дали да искомбинирам да не биде прешарено. Мала помош ако може...
Мислам дека нема многу да стои, можеби на прв поглед би било симпатично, но сепак самата блуска си има своја шара плус машничка, како и сукњата со некој свој принт. Не мора да значи оти имало жолто дека таман ќе се вклопи. Покрај принтот, мислам дека самите бои не се совпаѓаат. Да не давам сукњи кои очигледно би стоеле како црна или бела, еве ти пример за малку посложени дизајни, како и бои, меѓу кои има вклучено и принт.
Имам ваков фустан, како би можела да го исконбинирам за вечер да не е многу нападно нежно а и топличко да ми е. Фалааа однапед
Кремати балетанки ама антилоп, никако лаковани, а може и некои едноставни шик оксфордки. За нагоре, кремасто или бело џемперче. Инаку, како што си го искомбинирала на дадената слика, посебно за балетанки едно големо не.
Не сум јас на сликата хахаа, ме мрзеше да го сликам иначе мислев со кремасти сандалчиња височки али неам такви џемперчиња и тоа ми е.
А јас пак помислив дека тоа си ти на сликата, бидејќи изгледа како лична слика за разлика од тие на модел сликани. Па добро може со такви сандалки, и ептен ако имаш некое џепмерче, сако во некоја нежна неутрална боја. Инаку можеш и од тие поголемите шалови што ги носат како наметка исто така
Ми треба малце помош...Со кои бои можам да комбинирам ваква боја на чевли и моделот ист само што штиклата не е црна. Фала однапред.