Не дека нема да биде интересно, ќе биде баш кул, но се зависи од за какви стартки станува збор. Сепак мора да гледаш фармерките и чевлите, не само по форма да се усогласуваат со кошулката, туку и да ја задоволуваат нејзината нежност.
Се предомислив во врска со фустанот за роденденот на ќерками.. Сакам да го носам овој фустан, овде сум 3-4 месеци после породувањето - црно па се не види . Носам црни штикли , уствари се е црно имам сребрени детали само Е сега не ми оди да бидам се во црно, дајте ми предлог какви штикли каква боја, накит, исто има и под градите за каиш па и тоа можам да ставам. Секој предлог е добредојден ... Благодарам Eдит: роденденот е на 30овој месец
Мислам дека црвени салонки и ташна убаво би изгледале. Иако според мене на црно фустанче секакви бои би одговарале.
Е имам проблем со салонкиве никако не можам да најдам по ниски не сакам да се многу високи бидејќи ќе треба цело време да бидам на нозе со ќерками , а од пониските во вид на салонки само црни гледам низ градов.. ташна нема да носам се што ми треба ќе ставам во ташната на ќерка ми. Инаку роденденот ќе го прославиме во ресторан.
не ја читам баш темава но случајно видов дека имаш проблем со салонки Во штип има едно малечко продавниче на едносмерната-од таму можеш да си избереш модел и да си порачаш боја од тој модел, и за неколку дена тие ти ги прават*.Е сега ако имаш среќа да имаат готови баш таква боја може и веднаш ќе ги добиеш-за 10тина минути. *Мислам тие си ги прават штиклите,а продавницата им е само како претставништво(да го наречеме) Па ако не ти е проблем(претпоставувам дека си од скопје) би ти препорачала да го посетиш,може ќе си ја најдеш потребната висина
Unique.chick јас би ти препорачала да си земеш крем салонки на пониска штикла, баш пред некој ден видов такви, ако не можеш со повисока. Скоро цела си во црно со дезенирани црин хулахопки и плус црвени саклонки, ..мене искрено не ми се многу допаѓа таа комбинација. Или можеш скроз црни хулахопки, маалку проѕирни, знаеш на кои мислам и црвени салонки. Јас сум повеќе за промена на хулахопките
Со години немам облечено тексас сукња и преку лето не ги сакам ич но би сакала да си купам сега за во есен и за преку зима некоја што може да се носи со дебели хулахопки. Па би ве замолила за примери на тексас сукњи соодветни за преку зима.
Би можеле да ми предложите форма и боја на штикли кои би ми одговарале на фустанчево? Благодарност однапред.
Викендов сум на кршевка е сега сакам да носам вакво фустанче ама незнам со какви чевли да го носам..па дајте некој совет...секој совет и идеја се добредојдени...
Мислам дека овие модели би биле совршени. Па со ова фустанче би се вклопиле крем штикли, али и у друга боја можеш и да ставиш накит во боја на штиклите. Пример ако ставиш црвени, стави и црвени обетки и алка.
Фустанчето е едноставно за комбинирање, можиш да носиш секаква боја на штикли.. само зависи од твојот вкус и стил. Ако си за едноставно и елегантно можеш нешто вака во овој стил чиста перфекција или мислам убаво е да биде малце по впечатливо, можеш да си земеш некои црни штикли со златни детали на нив.. капси/нитни.. така упадливи во очи оти сепак фустанчето не е нападно и добро е да го искомбинираш со некои по необични штикли. Мислам златната варијанта ќе биде топ.. заедно со некое ланче во златна боја.
Јас би одбрала црни штикли со благ шпиц, мислам дека ќе изгледаш многу елегантно: Не би ти препорачала да го комбинираш фустанчево со златни детали, самото фустанче има сребрени светки и е подобро да се држиш до сребрен накит. Можеш да ставиш масивно ланче, големи алки...фустанчето е едноставно и дозволува повеќе накит Затоа што имаш 14 години, би го искомбинирала со кремови, праска или тиркизни балетанки.