Некој ваков модел би било супер,а бојата може да биде црвена,бела или пак крем ...Или пак како што предложија може и со мал шпиц напред. За твои години,јас би искомбинирала со тиркизни или праска боја балетанки.
Би одело ли вакво ланче со некој модел на џемпер како овој во средина (сивиот) ама сличен модел не ист...
Ме заборавивте .. хех некоја која има идеа , и знае да разграничи летно тексас и зимно тексас сукњиче нека ме посоветува.
Па претежно, кога се работи за тексас, преку лето се носи светол, а преку зима темен, иако тоа не мора да е секогаш така, јас носам и бели фармерки преку зима. Можеби затоа што некои парчиња од светол тексас се всушност и потенки - па се рачунаат како летни. Вака кога ќе размислам, со дебели, темни (или шарени) хулахопки, поубаво изгледа темниот тексас на пример вака: или пак можеш да ја направиш интересна комбинацијата, со чизми во друга боја:
Тексес сукња можеш да ја комбинираш со штосни дизјнирани хулахопки подебелки. Многу супер изгледа, јас така носам. Само ќе мораш да внимаваш да не ти лепи сукњата на хулахопките. Јас имам таков проблем со една од тексес сукњите. Одиш а таа се лепи и крева нагоре. И планирам да ја однесам постава да ми сошијат од доле.
девојки хелп ми имам веридба во сабота и незнам шо ке носам имам една црвена долга сукња ако имате идеја да ја искомбинирам со нешо нејзе ако не незнам шта чу немам идеја фустаните веќе ми се досадени
Црвена долга сукња е широк поим. Идејата за различноста е супер, само дај пример отприлика за каква сукња станува збор.
Ова стварно незнаев соодветна тема да најдам. Девојки јас добив штикли ама со дебела штикла. Јас не носам такви, па сакав да прашам дали може на чевлар да им ја сменат штиклата, потенка да стават? Неможам слики да прикачам
Девојки ми треба совет и помош од вас.На свадба треба да одам и ми треба фустанче.Тука ке ставам 5 фустанчиња и би сакала да ми кажете кое ви се допаѓа и тоа фустанче што ви се допаѓа со што да го искомбинирам(чевли,ташна,накит).Инаку фустанчињата се буквално исти,и само овие 5 ми се допаѓаат,дефинитивно за некое од нив ке се одлучам.Сите се со монистри на нив и се многу елегантни.
Мене најмногу ми се допадна последното. Со златни или црни салонки, и таква ташничка. Алка златна боја и некое прстенче
Фустаните се преубави! Немам коментар, освен ако сакаш да споделиш од каде ти се? Најмногу ми се допаѓаат првиот, вториот и претпоследниот. Што се однесува до накит до накитот, јас лично би одела со едноставен, затоа што фустаните сами по себе се доволни. Имаше на времето комплети од Авон обетки со ланчиња, по три пара во едно кутивче, кои се многу убави, и дефинитивно би одбрала нешто такво. Нешто слично на ова: Значи и ланче со ваков едноставен привезок. Што се однесува до штикли, за првиот би одговарале само светли, останатите имаат и црни црти во нив, па може и со црни штикли да поминеш.
1 и последното ми се најубави,незнам како стојат на тебе и тоа е доста битно.Било кое и да го одбериш јас би ги искомбинирала со едноставен накит,зошто самите фустани се доволно украсени.
Не би скоро ич накит, сосем се доволни. Класични аксесоари и удри контра со шминката за да внесиш боја: нешто бордо кармин, бордо нокти, неутрални очи..