Сиренка, јас сум за прeдпоследното. Го имам гледано многу по страниве на интернет, ептен штосни кобинации може да искочат. Башка и некако ми е нај младалачко, другиве според мене се малку како потеткински, т.е подобро речено повоздрасна ќе те направат да изгледаш, ту мач елеганција нема да можеш да го изнаносиш после тоа, барем јас така некако гледам на фустаниве ту мач озбилност и елеганција за 20+годишна девојка. Ова можеш многу убаво да го комбинираш, со шик бои на чанта и чевли, што жолти, портокалова или кафена/крем, а за бела и црна да не збориме. Јас сум да одиш без накит, а ако ептен инститираш, некоја поедноставна алка, сосема доволно. Самиот фустан ти е аксесорис сам по себе, па кој и да го избереш. Дефинитивно за предпоследниот, што би рекол Џaмбазов и јас така би играл Само ќе те предупредам за мунистирве, јас имав еден фустан со мунистри вака многу на него сошиени(поточно цела предна страна), од 4 носења секој пат дома се враќав со по еден ред празен, како ми ги паѓале/скинале не знам. Провери дали убаво се сошиени и внимателно каде го носиш и како се движиш со него
Ок,фала ви девојки на советите! Ке одам утре да пробувам,па кој ми најдобро стои на моја фигура тој ке го земам,во секој случај ке пишам тука што ке купам
Бидејќи те паметам од Модните критики, односно ти го паметам изгледот, формата и остантите карактеристики, како тенот, еве нешто инспирирано од самата тебе: Сметам дека ваквиот тип на сукња, па плус и бидејќи не е скроз до долу, уште поубаво, мислам дека одлично ќе ти стои. За тоа како да ја искомбинираш, секако можеш со црн тон за горен дел, но еве на пример нешто како црната кошулка долу. Горниот дел треба да делува понежно, а бидејќи црниот тон е малку погруб, ефектот на нежност ќе го постигнеш со нежен материјал. Додавајќи едноставни штикла-сандалки, и ете ти една комбинација. Да не биде црното првиот избор, сепак ќе кажам дека на тенот многу поубаво ќе ти стои горниот дел да биде во посветла боја. Можеш некоја идеја како првата слика (секако од аспект на форми), интересна маичка со карнери (но ништо претерано) со некое поуникатно џемперџе што е во вид на палтенце. Или исто како за црната кошулка, само нешто како втората, секако со подвиткани ракави за шмек. За друг тип на горен дел нешто како белата блуска. Малку поформална но со деталите околу вратот, ем тренди ем поуникатно. Слично е концептот како кај последнот топ, само што е без ракави. И на крај, можеш истотака peplum, може и без и со ракавчиња. Корсетот секако е црната во боите. Значи не го споменав бидејќи тоа ти е најлогичниот избор. Во врска со чевлите од страната ти наведов повеќе примери. Бидејќи си пониска, може нешто и со малку платформа. Од обични сандалки, до сандалки со некој така изпревртен преден дизајн (Пример. претпоследните), може само со преден отвор или скорз затворени. За накит ќе гледаш не само на облеката, туку на фризурата, а за чантата, една мала доволно ќе е.
И девојки разочарана се вратив дома,бидејки ниту едно не купив.Воопшто убаво не стојат на мојата фигура.Првото фустанче не го ни пробав,одзади е проѕирно.Второто и третото фустанче не ми се допаѓаат како ми стојат,,значи нема гради да се видат,нема струк,нема ништо.Е само она што не треба да е во прв план во прв е (колкови)! Белото фустанче воопшто не можев да влезам во него,а М бројче,како јас што носам,но глупаво направено,нема влез во него А последното е големо,и сум како баба во него.Инаку од сите фустанчиња по едно бројче имаше. Свадбата е во сабота,и уште немам комбинација,што ке правам незнам!
Девојки немам слика да ви покажам, но морам да ве прашам за совет. Како да ги искомбинирам оние црни пантоломи со бели точки на нив и дали одговараат такви пантоломи со блуза на долги ракави?
Кога ќе го тргнеш принтот настрана, ќе видиш дека станува збор за обични форми, панталони и блуза на долги ракави, така да одговорот е да.
Благодарам Summer. Ќе ги комбинирам со најобична црна или бела блуза. Ми беше страв да не се премногу летни и да не одговараат со блузи на долги ракави.
Девојки стварно незнам што да носам на нозете сега! Носам шарени плави хеланки со oversized џемпер, а за доле незнам дали патики,дали балетанки,дали чизмички кратки.... и да потенцирам чизмичките кратки ми се светло кафени, балетанките мислам бели или плави, и носам плаво-бела ташна
Еве ти инспирација, нешто малку романтично, шик, тренди. За одозгора можеш да додадеш кратко фармерско палтенце или пак џемперче. За чевли, може и од оние нежни патики.
Ваква имам слична па би сакала да ја носам со џемперче.Но незнам со какви хулахопки да комбинирам дали месо боја или во боја .Џемперчето е ваква боја
^ Mислам дека со ваков џемпер би било too much colour. Па и хулахопки во боја не знам дали е добра идеја. Мој предлог ти е да си облечеш месо боја хулахопки или пак црни - иако сметам дека уште е некако рано за црни, ама тоа си е сепак лична ствар. Мислам дека беж, крем или бело џемперче ако имаш би било подобра варијанта. П.С. Каква маичка планираш да облечеш? Мене некако потсвесно ми се мота низ глава маичка со црно-бели риги.
Се што сакаш. Бели, маслинесто зелени, па дури и розеви панталонки. Па и фармерки спаѓаат во изборот. Можеш да додаеш принт како риги и цветови. За аксесоари, statement necklaces. Истите можат да стојат и од надвор и од внатре. Можеш кремати кратки панталонки, црна сукњичка. Можеш да додадеш и сако. Листата за комбинирање ти е разноврсна
Спојлер Девојки, вакви слични чевли(за нијанса се моите потемни, поплави), со каква боја фустанче би ги искомбинирала? Црно ваљда може, и ако да, што детал друг да ставам? Или која друга боја?
Кате јас би одела на се црно само чевливе да одвојат. Друга можност крем фустан, со додатоци како чевлите, иако можеш и златни додатоци.