Црно фустанче,стави плаво тенко коланче,плик во иста боја... Ако не со црно ,можеш со црвено да ги искомбинираш или со кремаво фустанче.
Јас фустанот лично не го гледам за твојата возраст. Знам како каков тип е и како стојат ваквите фустани. Ама пак затоа е овде модата и аксесоарите кои до некаде можат да ја спасат ситуацијата Statement ѓерданчињата или како последното, ти се најдобар избор. Ќе ја разбиеш монотоноста, ќе внесеш уникатност и ќе ја прекриеш машничката на суптилен начин. Може да биде еднобојна во некој шик тон, но може да биде и од повеќе бои, така ќе биде позабавно. Одзгора можеш некое џемперче во нежна боја (розево, кремасто, корално) во комбинација со балетанки. Сако со интересен дизајн, а може нешто малку поразлично, некој принт, плус добра штикла.
а дали би стоел долг фустан со нешто слични на ова чевли?? http://i00.i.aliimg.com/wsphoto/v0/6989 ... ck-and.jpg
Не би одговарал во никој случај, чевлите се некако како чизми, па повеќе ќе одговараат со фармерки, панталони или со некое зимско фустанче, сукња. А долг фустан носи си со сандали или салонки.
Ова можеш да го комбинираш на доста работи, црни, крем фустанчиња. Црни панталончиња со крем кошулки...или обратно... сукњички во тие бои и тн... Јас воглавно се држам во две бои затоа така ти препорачувам
Девојки што мислите за ваква комбинација за во кафич? (црна чипкана маичка на куси ракави со црн прслук) (вакви кратки панталончиња со црни хулахопки одоздола) да не е претерано?
Не дека е претерано, туку на ништо не личи. Горниот дел е доста интересен, ама надолу ајде панталонките можеби, но чизмичките се прегруби. Од друга страна пак, да додадеш некои црни балетанки, интересно ќе е, ама така нешто за преку ден, отколку за излегување. Мој совет би било горниот дел да го задржиш, а надолу комбинацијата да ја смениш.
Одговара ли бела кошула,бела маица на прерамки,бела тенка јакна,фармерки,кремаста ташна и кафеави кондури? Ама кошулата да не ја закопчувам..
Бидејќи не знам за какви форми, материјали ни пак дизајн станува збор, би ти рекла дека можеби малку не пре бело во горниот дел, туку три парчиња едно врз друго во еден исти тон, сметам дека многу би дошле. Можеби да стануваше збор за само 2 (пр. кошулката+јакната, кошулката+маичката, маичката+јакната).