Добро, можеби малку ќе игра улога тоа што се работи за различен тон. Но, пак од друга страна гледано, малку пренатрупани можеби ќе изгедаат парчињата, маичка, па незакопчана кошулка, па најодозгора палтенце. Така на празно да не зборувам, се си зависи од претходно споменатото, материјалите и формите
Би го носеле ова? Бојата е ваква нешто како најтемната портокалова незнам зошто излегло толку розово.. Спојлер Инаку го најдов плакарот на мајка ми
Зависи од материјал, ако е покрут материјал јас би го носела. Ми личи на сако со убав крој, ако ти е таман со здравје да си го носиш, а ако ти е широчко можеш и на шнајдер да го средиш малку.
Ми текна една идеја за комбинација па не знам дали да ја реализирирам, сакам да ве прашам за мислење и совет. Имам кафена сукња со висок струк како на сликава само што не е ваков материјал туку нешто како памук - лен неодредено. Сакам да ја комбинирам со бели балетанки, бела рамбовка и црно, кратко кожно јакниче слично како ова на сликава. Предлог за ташна и накит. Ова за дневно излегување и прошетка/ Значи крем-кафена сукња , бели балетанки бела рамбовка и црна јакна.
Ај малку хелп... Имам кремасто фустанче, со чипкаст материјал однадвор. Со што да го комбинирам некој предлог? Знам дека со црни салонки немам утка, ама би сакала да чујам некој друг предлог
Црвено, тиркизно, темно сино, темно зелено, кафеаво. Ако дозволува каивче стави каивче во боја, со таа боја штикли или иста боја штикли и плик.
Maja, крем боја е тукуречи исто што и бела и црна - неутрална, што значи оди со се'. Кога ти го прочитав мислењето, веднаш помислив на црвени салонки. Крем и црвено одлично се совпаѓа, но како што реков, можеш и било која друга боја да искомбинираш Исто така, како предлози би ти дала темно сини/мастило боја, темно зелени, виолетови салонки Па нека се чевлите и multi-coloured или colour-block, уште поубаво, баш ќе ја разиграат комбинацијата И немој да се водиш по правилото да имаш иста чанта како бојата на штиклите. Крем бојата како неутрална дозволува играње со повеќе бои одеднаш, така што дозволи си малку слобода при комбинирањето (нормално, во склад со можностите)
Сребрен или црно бели бисери. Друго може некој тиркизен тон, но главно околу таквите палети, на сините, сивите, зелените тонови.
Викендов сум на роденден па не знам со што да ги искомбинирам.. Некој предлог може и со фармерки,пантолни фустанче секој предлог добредојден
Во скоро време сум на свадба и сакам да си сошијам некој фустан но не знам каков би прилегало на мојата фигура. Широка сум во раменњата, имам малку тенка половина и широки колкови. Сакам да ми биде прилепен фустанот (мислам да не е широк а ни многу тесен) . Па..постирајте некои модели. Бојата не е битна, ниту должината.
Може и како штиклите, да биде сивко, ама чисто сиво, без никаков принт, па во комбинации може со бисерен ѓердан, кој може да биде црно бел. Инаку може и некоја нијанса на сино.
Фустанчето со црни балетанки или црни штикли и ташничето црно од сликава Балетанчињава со било која блузичка од сликава и црни панталони