Второто парче (зелено црното фустанче) изгледа добро. Надолу, да не ја претеруваш работата, туку да ја задржиш класиката, црни балетанки и може некоја мала ташничка (може и еднобојна, а може и некој суптилен принт). За нејзината боја, може црна, сива, виолетова. Др. избор, може тегетни или виолетови балетанки. Потоа долните две блуски, најнормално со фармерки најдобро ќе стојат. Одзгора некое сако и надолу може и некои типски патики, балетанки или оксфордки. Можеш да додадеш било која од 3те чанти, истотака и за првата комбинација. Нежно виолетовите блузи како и балетанките, не.
Девојки некој предлог за палто или нешто слично за долг елегантен црн фустан за свадба ? Се мислев наметка како шал ама некако ми е повеќе за повозрасни жени , не знам какво палто би носела а да не го расипе моделот ?
Со црни пантолончиња,некоја типска црна блузичка/кошулче со малку нитни,да разбие монотонија,и типско да биде и новчаник/мало пликче со боја како на штиклите. И добар накит,нешто со златна боја,некое ланче-синџирче.
Се зависи од тоа каков е роденденот.Ако биде нешто посвечено,во клуб или ресторант јас би ти предложила кратко црно фустанче кое стои буквално на се.Ако роденденот е дома во поопуштена атмосфера,слободно можеш да облечеш фармерки и некое интересно блузиче со принт.За чанта можеш некое пликче,голема чанта некако не ми е за на роденден,мала чантичка или пликче ти е сосема доволно. Еве ти некои идеи како да го искомбинираш црното фустанче,секако ако имаш.Ако не,нека биде во некоја друга боја ама нешто поедноставно,како и да е не одиш на свадба http://www.youtube.com/watch?v=eDjmeWolDPM
да ве прашам дали за роденден (мој,во кафич ) да облечам фармерки,кошула розева со сино и бело (во фармерките да ја ставам) и сега да ми кажете дали да облечам палто светло розево или црно џемперче (кардиган) а и вакви http://data2.whicdn.com/images/79377918/large.jpg само сини и без нитни дали е глупо за времево да носам и дали воопшто одат со комбинацијата?? а ако во некој случај комбинацијата е тотална утка дајте ми некој предлог
Би ти помогнала, ама некако тешко ми е да ги замислам, ако можеш најди некои слики или ти сликај ги... На пример не си напишала каков модел е кошулата и дали оди со чизмичките, а вака од боите не можам да кажам дали би ми се допаднала комбинацијата или не...
Дали вакви типови на чевли ќе одговараат на фустан / сукња / туника за есенсково време и преку зима кога ќе е суво ?? Прашувам за поедноставни фустани, не за елегантни работи. Веќе времето не е за балетанки а и рано ми е за чизми до колена.
Дали би сакала да ми дадеш некој предлог?? Чизмички кратки да се, или чевли. Не салонки или пак чизми до колена.
епа вака некако е(боите во коцките се вистинските бои) а кондурите се како тие во др. мој пост ама моите плус имаат такво како крзно како овие на сликата -> http://ak1.polyvoreimg.com/cgi/img-set/ ... size/y.jpg
Девојки имам кремасто виолетови штикли и сега ме интересираше дали можам да ги искомбинирам со црно фустанче и накит некој кремасто виолетов по впечатлив, затоа што фустанчево ми е поедноставно и секако чанта исто кремаста или виолетова
Сосема е во ред црното фустанче како основа. Па додатните кремасто виолетови чевли мислам дека ок ќе се вклопат, секако зависи од самиот нивен модел. Од тука, можеш виолетовата да ја насочиш кон накитот. Некој statement ѓердан и кратки обетки, а кремастата да ја оставиш на чантата, со чист дизајн, едноставно и classy.
Јас мислам да облечеш палто, црното џемперче не оди- розево, сино, бело и одеднаш црно... Инаку чизмичките се баш слатки... Среќен роденден и убаво да си поминеш!
Во скоро време сум на свадба па сакам да ја носам оваа комбинација со вакви балетанки но не сум сигурна дали ќе одговара за тој настан иначе имам 15 год.