Можам и со такви високи чизми но исто така крем. мојот проблем е што секогаш купувам обувки во кафени нијанси или потемни или посветли. А сиво немам ништо. Но затоа имам гардероба на сиво многу и проблем со комбинирање, незнам зошто ама имам ставено во глава дека кафено и сиво во една комбинација не одии. Инаку фустанот на хулахопки ќе го носам, со дебели хулахопки хихи. Над колена е и не е проѕирно.
Од аспект на тоновите, комбинацијата би била супер, но самите парчиња по форма не ги гледам како една убава целина, бидејќи самите чизмички се прегруби за туниката.
Би било подобро ако одбереш некои други чевли,самата форма на чизмичките не ми оди добро со туниката. Мене интересно би ми изгледало со високи чизми,слично како на сликата,најдобра варијанта би било црни или пак сиви,секако треба да внимаваш на формата бидејки секаква форма на чевли не оди со вакви туники.Ме интересира,дали ке ја носиш туниката на хеланки или како фустанче? Како и да е со вакви чизми мене ми би изгледало ептен симпатично.
Ајде пак јас. Планот за на свадбата ми се промени, не го носам фустанот, утре кидам да купувам нешто што би одговарало на кремасти салонки, отворени напред. Ја барав по нет нешто ама шознам не ми фати ништо око, па ај некоја комбинациичка, нешто суќничка, кошулка..
Женски имам едно прашање , сакам да облечам беж тесни пантолони со црвени чевли на полна пета и црвена чанта одговараат ли овие три работи заедно? И каква блуза би ми препорачале да облечам?
Го добив како подарок, ама не знам како да го комбинирам освен со црни дебели хулахопки, црни јавачки чизми, црно мантилче/понатаму капут, црна ташна, и златна statement огрлица. Друга идеја
^^Јас би ги тргнала сите црни детали(бидејќи самото фустанче е црно + црни детали би било премногу) и би додала во златна или сребрена боја.
Не е целосно црн фустанот, во средината е тегет, еве на ова слика може подобро да се види. Додега не сум комбинирала тегет и црно, некако никогаш не ми оделе овие две бои заедно Спојлер
^^А зошто да не ? Бидејќи е послабо палтенцево можеш да си облечеш под него подебела блузичка и тоа е тоа.
Што мислите дали за излегување може да облечам бел корсет со цвекиња и оддозгора кратко кремасто џемперче надоле искомбинирано со кремасти панталони, штикли и ташниче или ипак не личи на излегување џемпер да се носи??
Мислите дека е страмота на ладново време да носам плетен џемпер/ кардиган до над колена, наместо кожна јакна или мантилче? Сакам да носам фармерки, кремаво кошулче, окер чизма до глужд и окер каивче (исто како чизмите), бордо со крем голема чанта и бордо е и џемперот.