^Зашто да не личи, мене ми е супер вака вклопена комбинација, баш слатко ми изгледа. Само каде точно ќе излегуваш? Дискотека, кафич, кафана? Имам и јас едно прашање. Си најдов од баба една ташна, ја носела уште на времето пред едно пеесетина години, moschino демек е ама мене многу ми се допаѓа, баш такви се сега во мода. Само незнам како да ја вклопам, се мислев за пролетва една комбинација со долга макси сукња во пастелно розе боја (од оние лелеавите сега што се носат) и една црно-бела кошула без ракави со животински принт, зебра ли е што ли е незнам точно, и долу црни сандалки од овој тип (ќе ви постирам долу слики) и ташнава сега ќе ја постирам. За накит не сум сигурна. A еве ги и сандалите. Нешто вака се и моите, само со подебела штикла и од напред е тоа подебело
^Со суќничка, хулахопки, ниски чизмички/балетанки, џемперче. Фармерки, чизмички/балетанки, џемперче/палтенце.
Ти благодарам за мислењето иначе ќе излегувам во кафич Го делам истото мислење со pamelche во врска со твојата чанта
На свадба сум наредна недела и купив љиљаков фустан до колена, каква боја на хулахопки да купам? Имам намера црни салонки да носам.
Дали би одговарало за есенска/зимска комбинација да искомбинирам искинати фармерки со тенки црни хулахопки, или би изгледало глупаво !? Сакав да побарам мислење пред да направам било што, затоа што црните хулахопки ќе се гледаат, дали ќе изгледа океј - или пак да ги носам на голо !? Знам дека поубаво би изгледало така, но во прашање е ладното време, а имам мерак да ги носам тие фармерки
Не е глупаво само цело време ке ти поставуваат прашања од типот не ти е ладно така? Нешто што највеќе го мразам Па ако ми беше ладно нешто друго ке облечев. Имам носено искинати фармерки одоздола со чипкани црни хулахопки а ги имам носено и со обични ама поубави изгледа првото. Немој црни, земи си од оние што даваат бронзена боја, има на пенти многу убави.или пак од оние прозирните-бисер боја мислам дека се викаат, само гледај да не светкаат
Епа добро штом викате дека не е глупаво да носам искинати фармерки со хулахопки тогаш ќе ги облечам, само сега ми треба совет и за останатите делови од комбинацијата. Малку сум во двоумење, па затоа да прашам и да побарам мислење. Деловите кои обавезно ќе ги носам и не ги менувам по секоја цена се искинатите фармерки, темно кафени есенски чизмички и црна кожна јакна. Е сега, се мислам што да носам горе, дали сива дуксерка со црни шари со врвки или некоја интересна црна блуза !? И според тоа што поубаво би одговарало со боите на парчињата кои обавезмо ќе ги носам, каква боја на хулахопки да облечам под искинатите фармерки црни, сиви или онаа месо боја што не свети !?
Може некој да ми помогне со што да ја искомбинирам сукнава? Од летово ја купив па уште не сум ја облекла..
Кu4ence , преубава е сукњата. Воопшто не си згрешила што си ја купила. Бидејќи има интересен и впечатлив принт,не користи многу додатоци. Совршено би ти стоела црна маичка по прерамки,врз која ќе ја облечеш. Можеш да ставиш некое поедноставно ланче или пак обетки. Исто така можеш виолетово да ги излакираш ноктите.
Црно или бордо.Сукничкава има интересен принт кој не е толку лесно да се искомбинира.Најдобро би изгледало со некое црно корсетче или маичка и црни салонки.Други бои не ти требаат,доволен е шарениот принт на сукната.
Неколку пати ја имам искомбинирано сукничкава и секогаш комбинацијата ми е промаршај...како вие би ја искомбинирале????Каква блуза,чизми????