Тегет туника,темно кафеави чизми незнам со каква боја хеланки-холахопки да ги искомбинирам...тегет темногу црвено или црни????
Со некоја интересна маичка (може со принт или едноставна апликација) и сукњичка, еве на пр. може маслинесто зелена. А инаку, и некое по уникатно фустанче би било интересно
Здраво,здраво...Би сакала да ве прашам за еден совер....како да искомбинирам црни пантолони и кремови чевли....поделовен иглед ми треба малце...или фармерки со кремови чевли...што кошулче да ставам,какво сако? Фала за помошта Позз вака нешто се чевлите ама пониски се
Кремава кошула и црно сако доколку се одлучиш за црните панталони.( оваа варијанта повеќе ми се допаѓа) А со фармерки можеш и црно кошулче со кремаво сако И скромен кремав накит затоа што потенцираше дека ти треба поделовен изглед, па да не биде пренападно нели
Можеш и фармерки и црни панталони,ама бидејки е за на работа подобро би било со панталоните.За горен дел кремаво кошулче и црно сако.
Здраво девојки. На свадба сум кај не толку блиска другарка, па се мислам што да носам. Планирав да купам нешто, меѓутоа во моите работи си го најдов ова фустанче, кое го купив пред неколку месеци, а ниту еднаш досега го немам облечено. Е сега прашањето ми е дали ова фустанче е соодветно за свадба, да не е премногу заради принтот? Дали вие би го носеле на ваква прослава? Инаку фустанчето стои многу убаво http://www.alibaba.com/product-gs/74765 ... image.html Очекувам одговор, идеи и предлози
Јас не би го носела. Не бидејќи се работи за принт кој може ти изгледа премногу, но всушност тој го прави да изгледа покежуал и некако обично за таквата пригода.
И јас не би го носела но веќе ако немаш ништо друго на располагање посвечено тогаш можеш да го носиш тоа фустанче искомбинирано со високи потпетици,впечатлива нараквица и обетки за да му дадат по свечен тон на аутфитот.
Искрено, јас не би го носела бидејќи не ми се допаѓа принтот а и формата на фустанчето не ми се допаѓа многу. Мислам дека не е ова за свадба.
Ако ти е премногу блиска другарка и одиш и дома и во кафана на свадба тогаш фустанчето носи го дома, а за навечер избери нешто поелегантно. Но ако ти е само за навечер тогаш носи го и оваа фустанче. Убаво е, сепак се е во вкусот но штом си го купила сигурно сакаш таков принт затоа не му се мисли и носи си го.
Искрено јас не би го носела.Прво принтот а потоа формата на фустанчето не е прикладно за свадба. Но,сепак ако се одлучиш да го носиш најдобро би одговарало со крем штикли,долги обетки и крем плик-ташна.Ланче не би ставила бидејќи самиот принт е впечатлив и не бара накит.