Девојќи помагајте =) Во Недела имам многу битен настан, така по официјален. Значи ми треба помош да искомбинирам. За денска пригода. Е сега ќе ви кажам јас што имам спремно (се` си купив ново, ама за уште некои по-битни парчиња ми треба совет) Имам пеплум фустан, долг до колена, црна боја, сличен е на овој само со прерамки и без ременот. колар на вратот, и болеро црно. (уште незнам какво па и околу тоа може да ми помогнете...едно дома што го имам не ме воодушевува па може и да шијам.) Часовник на рака ќе имам златен и толку знам... Што да облечам за одозгора. Бидејќи повеќето ќе сум надвор а ќе биде ладно незнам што да барам. Пробав со бундичка не ми се бендисува. Треба некое мантилче како балонер со златен од-сјај. Да не знаете каде има такви? Или подебело капутче палто ?!?! Постирајте ми слики ве молам за да знам што да барам по градов. И за обетки дали да носам и кој модел. Сакам да се по-дискретни но незнам точно што би идело најдобто. И каква боја да се штиклите и пликот? Јас имам црни но многу да не се уцрнам така?
Ако сакаш со болеро За одозгора можеш јакна Крем штикли Крем плик Од страна на накит мислам дека е доволно само ланчето,или само часовник
Би можела да облечеш црно сако http://data3.whicdn.com/images/83081326/large.jpg А за штикли можеш црни нема да згрешиш
Дечки ми треба помош Дали би одговарала ваков модел на сукња со висок струк(значи морнарска е,крем со тегет) со ваков модел на чизми(темно кафеави се?
Никако. Летна морнарска сукња со зимни чизми никако. чувај ја за во пролет па со балетанчиња си ја носи. А чизмите си ги носи на фармерки, хеланки со некои така позимски комбинации.
Не ми иде сукњава со чизмите, не само со вакви чизми туку со било какви зимски обувки. Единствено со салонки иако сега не би ти препорачала да ја носиш.
Сакам да го искомбинирам со фармерки висок струк но на нозе што да облечам незнам.Ми треба за вечерно излегување со неколку школски и класниот паа што мислите ??
не оди џемперчево со висок струк, земи некои обични панталонести кратки шорцви и комбинирај ги со дезенирани хулахопки и долу ако имаш штикли-шизми кремкасти
natalijja Досега е добро, а во врска со чевлите, можеш некои интересни салонки или чизмички, кои секако можат да бидат со штикла но бидејќи комбинацијата е едноставна, ништо претерано. Инаку за чизмичите, искрено на прв поглед некако грубо и претерано ми изгледаат, па и кремасти..што знам. Кога би ги видела на нога, т.е облечени, би имала целосно оформено мислење.
Е па вака девојки, утре сум на еден свечен коктел и планиирам да носам црно фустанче со отворен грб но изборот на чевлите ме буни некако, ме збунија другарките, едната едните, едната другите ајде да чујам ваше мислење .. Еве ги и чевлите и фустанчето, па ако може мислење, од накит планирам само обетки и една белегзија, нежна. Па и мислење и идеа за косата како би можела да биде бидејки акцентот на фустанот е голиот грб.
Црните дефинитивно, не знам како можат кремастите воопшто да се разгледуваат како опција. Инаку за косата, добро ќе стои и пуштена и навиткана, но опуштено валовито навиткана, а може да ти биде соберена, но некоја пониска пунџа.
macence4 - Како склоп на бои е убаво, ми се допаѓа сребрено со сино, но фустанчето нешто не ми е по вкус. Може на тело би стоело подобро, но ова што го гледам не ми се допаѓа.