феминки имам ваква кошула, 2 години ја чувам во шкафот и никако не сум ја облекла, не знам како да ја комбинирам. ве молам помогнете ми било каква идеа да имате. [url=http://s7d4.scene7.com/is/ima...d4.scene7.com/is/image/BrooksB ... benlarged$ /url]
Феминисктиии за неколку дена имам снимање преку факултетот па си мислев нешто вака да се појавам добро е или е премногу сериозно??дадејте некој пример..
Па можеш на пример со крем панталони,исто како што е на сликата што ја имаш ставено..Потоа можеш исто така со фармерки на малку повисок струк со некое тенко каивче и чизмички до глужд.. Нешто вака на пример > А исто така убаво одговара и со пастелни бои >
Девојки ми треба помош. Може мислењево не ми е баш за тука, али ај да си прашам. Значи утре одам на екскурзија. Првата вечер ни е испланирана за во диско, но јас незнам што да облечам.Повеќето девојчиња ќе носат некои кратки фустани или некои незнам ќе оделе со шорцеви и чизми,ама јас не можам тоа да го облечам.Сите тие се пониски а јас со моите 173 cm и уште ако облечам такво нешто мислам дека нема да биде пристојно.Не дека нив ги оправдувам зошто најискрено мене такво облекување за 14 годишни девојчиња не ми личи.Мајка ми како што вика со сила сакате да пораснете.И сега јас си имав испланирано црни панталони со едно џемперче и црни чизми.Комбинацијата ми е преубава,а и моите две најдобри другарки ќе носат фармерки и маица.Стварно незнам што да правам,сакам да носам фармерки ама па кога ќе ги видам утре сите со фустани глупаво ќе ми биде. Помош?
Секако дека е океј,оди со панталоните и некои прикладни чизмички,секако е прерано на 14 со кратки фустани и штикли,меѓутоа таква е свеста денес.Сметам дека нема да утнеш никаков непишан кодекс.Облечи некоја посвечена и поелегантна маичка,и се ќе склопиш убаво.
Топ ти е комбинацијата што си ја имаш смислено нема да утнеш Можеш да облечеш и кошулка некоја со сако, или пак обично фустанче(кежуал варијанта) со ниски чизми.Тука добро ќе одат интересни дизајнирани хулахопки.Сметам дека вакви комбинации би биле соодветни на приликата и возраста
Зависи од фустанчето има фустанчиња што не изгледаат вулгарно и се преслатки.Aма јас сепак мислам дека пофино и покомотно би се чуствувала во некоја поопуштена варијанта. Не за друго така и повеќе ќе се забавуваш во диското. Тргнувам од себе. Можеш да облечеш некоја кошулка со завратени ракавчиња за пофраерски да дојде и некои црни панталони долги или фармерки,чизмички. Каивче и може некои повпечатливи обетки за да ја надополниш комбинацијата. Собери ја косата во `неуредна` пунџичка и спремна си. Еве вака нешто мислев.
Јас мислам дека твојата варијанта е супер.би можела некоја кошулка да облечеш и сако одозгора.И навистина ќе се чуствуваш покомотно,според мене па сега ти си знаеш.А и како шо си висока таа комбинација одлично ќе ти прилега.
Seashell31 - Според мене нема зашто да ти биде глупаво. Јас сум повеќе фармерка тип, воопшто не се чувствувам глупаво кога сум облечена со фармерки покрај девојки со фустанчиња. Сметам дека треба најпрво ти да се чувствуваш добро и самоуверено во тоа што го носиш, не мисли што ќе речат другите. Тоа е твој стил, тој вкус, што сакаш ќе носиш. Ми се допаѓа твојата идеја, иако сметам дека можеш да замениш неколку работи. Од тоа што прочитав, се ти е скоро црно, а за 14 години, не би ти стоело се. Мој предлог е да облечеш некоја кошулка убавка, немора бела, или некоја интересна памучна маица. Со кошула би го добила она класичното, а со маичка по детско е, иако немора да значи. Мој предлог е да вметнеш нешто тиркизно или портокалово или бордо. Тие бои не излегуваат од мода. Исто така, мој предлог, фустанче памучно исто (некое покежуал) со долго џемперче и чизмички. Мене тоа ми е преслатко, преженствено и модерно. Види споилер. Спојлер
Девојки фала ви на сите,успеав да искомбинирам црни панталони со поинтересна кошула , кратки црни чизмички и јакна. Мене поудобно ми е вака отколку со фустан и мислам дека поубаво ќе си поминам од другите Сепак фала ви
Јас малку задоцнив, ама ако не се чуствуваш убаво во кратко фустанче, носи си фармерки, или црни панталони како што веќе си замислила... И јас носев панталони (само јас жолти) и поинтересна маичка, така се чувстував поудобно и си поминав одлично...
Не е баш како да искомбинирам туку што да носам. Сега брзо сум на свадба и сакам да шијам. Прв пат шијам, зашто сум нешто како перфекционист и ако не ми се допаѓа нешто ќе имам проблем, но сакам да се обидам. Незнам каков модел на шијам, не сакам да бидам теткица, но 1 братучед се жени и многу сме поврзани, па сакам да добијам некој изглед ем girly ем женствен. Ќе постирам неколку сликички, може ли според вас мислење да ми кажете кое фустанче најмногу ви се допаѓа и некој предлог за комбинирање. Без горниот дел, само на корсет. Овој модел на фустанче многу ми се допаѓа, се мислам за кралско сино. Првиот само ми се допаѓа, и нешто најмногу ме влече.
Искрено првиот фустан многуу ми се допаѓа (без чипката одозгора). Последниот не ми се допадна многу незнам зошто. А нешто слично како вториот имам шиено само не од таков матријал. И ми беше баш пинк боја сребрено плико, косата ми бесше високо крената пунѓа со некои праменчиња напред. и накит розев.
Првиот фустан е преубав (размисли за варијанта да биде друга боја ,не дека не е убава зелената но можеш да направиш друга комбинација на истиот модел.Како на пример црно со златно,сино темно со сребрено и слични комбинации)
Јас имам малку поинакво прашање.Имам тело-песочен часовник, и многу тешко успевам да најдам фустан што ќе ми стои баш онака како што треба.Ми се ближи матура и размислував каков би бил одприлика фустанот и сега ми треба совет какви фустани стојат најдобро на ваква форма на тело?
Треба да бараш фустан што ке ти ја истакне фигурата.Според мене мислам дека најдобро би изгледале припиени фустани а исто и пеплум би изгледало одлично.Ке си излезеш и ке си видиш,па самата ке си видиш што најдобро ти прилега,а сега еве ти некои идеи
Ми треба ваше мислење феминки: дали ви се допаѓа комбинација: тексасни шорцеви,хулахопки месо боја и црни чизми скоро до колена? Сакам за нареден викенд вака да се облечам ама да не е глупо со шорцеви пошто е ладничко надвор па смешна да не бидам
Aна искрено според мене помина времето на кратки тексас шорцеви, за мене се летно парче и така треба да си останат. Мене тексас со високи чизми ми изгледа доста ефтивно и не пристојно, да не бидам и понатака груба, едно големо НЕ! Спакувај ги за следното лето, и купи си шорцеви од друг подебел материјал, па носи ги со чизмите. Чоклит, не за долгиот фустан. Убав е да, преубав и прештосен, али за твои години не, ќе те направи многу постара а не треба на 16-17 години да изгледаш како 20+. Јас сум за краткиот, во некоја убава боја, дали кралоско сино, може и розев исто да сошиеш, убаво ќе ти го истакне тенот, но и нозете, имаш преубави долги нозе, кои сметам дека не смееш да ги криеш со долги(теткински) фустани. Можеш и слично да го направиш кај корсетот, со помалечки корпи, и некоe раскошно убавo ланче, добитна комбинација.
се соглсувам со Хипстерка неубаво ми е коа глеам летни парчиња гардероба сега посебно шорц , остај тоа за лето а и да комбинајцијат малце лоша би била со чизмите облечи си панталони фармерки некое фустанче и сл шо мора па нив