Повелии ... Можеш на секој начин да го носиш само гледај тоа да двои, да нема уште некоја јака боја. На пример да не си во тоа сако и блузата, марамата или пак панталоните да се такви.
KУПИВ од оние материјали кои се растргаат мислам трико се викаат и сакам да сошијам фустан ама проблемот е што сум малку полничка во половината и во куковите , па каков модел ми препрачувате да сошијам да не ме многу оцртува.благодарам
Јас би искомбинирала со бордо џемперче, може одоздола бела маичка (ако џемперчето ти е со копчиња), фармерки (небитно дали светли или потемни), некоја шарена марама (да има бело, крем, сино, бордо), и јакничка
Има многу можни комбинации,сепак мене комбинацијата кремаво-тегет ми е омилена.Надоле најобични темни тегет фармерки а нагоре бела кошулка со некоја кремава наметка или пак црно сако.Можеш исто и со темно зелена,темно црвена,бордо,бело...
Малку покасно гледам, ама имаме иста сукња Мене ми изгледа преубаво кога ке комбинирана со бордо и кафено. Јас ја носев со поширочка борда блузичка со три четврт ракавчиња, изгледа како кошулка ама е памучна, има џепче напред. Со кафени балетанчиња, и ташничка И од накит лачнче, боја на старо злато Еве ти сликичка одприлика на што мислам
Со кои бои одговара да се искомбинира боја што е меѓу корална и мандарина боја? Како оваа на големите правоаголници горе.
Девојки како да ја искомбинирам оваа боја како на Кендис пеплумот што е? Се работи за ваква иста маичка.
Женски што мислите дали одговара црвен фустан со црно малку, , црни хулахопки, и кремови чевли . Јас всушност денес ја пробав оваа комбинација, и не изгледа лошо, ме буни само бојата на чевлите дека на ништо не ми одговара, а немам друга боја на чевли .
Ако веќе носиш црни хулахопки, салонките најдобро е да бидат и тие носители на темен тон, црни или темно црвени може. Ако веќе се оди кон кремастите чевли, а кога веќе и рече дека немаш друга боја, комбинацијата би била пролазна единствено ако ги смениш хулахопките т.е најдобро е да одиш со неутрални, кожа боја, така ќе се воспостави рамнотежа меѓу фустанчето и чевлите, без тие да изгледаат како да да отскокнуваат.
Девојки, со што би можела да ги комбинирам чизмиве за поинтересна комбинација? За оние секојдневни не ми е проблем. Планирав да ги носам со црни хулахопки, и некое фустанче или пак кратки панталони со кошулка горе. Ваши идеи?