Јас имам такви слични. Најчесто ги носам на црни хеланки, црна ролка на кратки ракави и џемпер во боја како чизмичките.
Девојки, се подновив малку со она блузата со чипка,ми изгледа елегантно,па за да сменам решив да искомбинирам со црни чевли и црна сукна(не сива како на сликата_) и оваа комбинација да ми биде за новогодишната вечер.. што мислите , ви се допаѓа или ?
Добро е, изгледа едноставно, но баш classy Можеш да додадеш некое ременче или ланче, но ништо пренападно, за да ја задржиш елегантноста
Малку подолга сукњичката да беше поубаво, до над колена, а и немој да ставаш црн прслук под бела чипка, боде очи
Ајде пробај наместо црни хулахопки, месо боја и остави ги чевлите, крем чевли ја издолжуваат ногата, баш се секси.
Па вака сакам да искомбинирам чипкано фустанче и чизми (до над глуждот), (крем нијанса и двете) и црна кожна јакна.Е сега сакам да додадам и црно џемперче на фустанот, и црно плико. Што мислите би одговарало ли? баш ми е некако штосна комбинацијата ама некако и се двоумам зошто никогаш немам комбинирано со чизми ? Или пак дајте ми некој ваш совет
фустанот крем со прерамки скроз рамен не како на сликата таму со полокружни , чизмите Спојлер полна пета иста нијанса, и кожна јакна само не успеав да најдам слика од црн цемпер ама кус Спојлер до половината најтенкиот дел ама објаснив
Преслатко е Со црна, бела или сива ролка на времево, а ако е потопло со маичка на дебели прерамки во истиве бои. Има многу комбинации може сигурно со 1 000 000 работи да се искомбинира, ама прво ова ми текна
па според мене со многу работи,со некоја убава маичка на долги со принт,со некое едноставно потенко џемперче (зборувам за овој период) Иначе преслатко е ланчетоо
Вака сакав да ве прашам крем боја со сиво можели да се искомбинира.И со која крем со која боја несмее никако да се комбинира.
Зошто да не и двете се неутрални бои. Крем и сива можат со себе и со секоја да се комбинираат. Види ја комбинацијата подоле http://static.pullandbear.net/2/photos/ ... 9749437435
За комбинирање со сивото зависи за кој тон на сиво одговара. Понекогаш не изгледа многу убаво двете во комбинција. Инаку, за комбинирање со други бои, во принцип одговара со сите, бидејќи бојата е неутрална. Значи и со нежно розево, жолто, бело и било кој светол тон изгледа доста симпатично, но пак и со темните тонови, како бордо, тегет, доаѓа до некој посебен израз. Секако, за една комбинција, улога игра и дизајнот, не само бојата.
Таа комбинација ми се допаѓа, но моево џемперче нее ниту темно сиво ниту светло сиво, нешто измеѓу и затоа сега кога се облеков не ми се допаѓаше па затоа ви пишав.
Може да се комбинира со еднобојни блузички,маички,џемперчиња или со некоја нежна и не толку впечатлива шара.
Со некое потенко белко,крем,нешто таква нијанса,џемперче.Од оние као блуза што доаѓаат,по Бершка,Страдивариус,Зара,Теранова што ги има стално.