Ако парчињата се такви како што ги замислив,комбинацијата би била многу интересна и модерна.И никако не ми асоцира на ништо летно туку на нешто модерно и класично ама сепак разиграно со портокаловите чевли.Сега голема улога игра и моделот,се зависи од тоа како ке биде изведено.
Каква врска има облеката со фризурата? Ај да си на некоја свеченост па да сфатам на каков фустан каква фрузира би идела, ама вака нема потреба да те ограничува фризурата. Носи си што сакаш, што ти е по ќеиф и по стил. Нема потреба од ограничување, едноставно се си иде на фризурава.
Имаш повеќе можности,но штом сакаш некоја необична комбинација мислам дека интересно би испаднало со некое џемперче во топла боја со кратки чизмизчки. Еве конкретно на што мислам
Еве го фустанот,скроз ист и боја и модел Бидејќи многу сакам да искомбинирам црвен кармин со фустанов,планирав да носам вакви штикли само незнам колку се совпаѓаат боите па и околу ова ми треба мислење Планирам да носам црно сако и ми треба совет околу накитот,каква боја да биде:како фустанот,црн или црвен? И каква боја ташничка(плико)? И кажете ми ваше мислење за комбинацијава,ако имате некои други предлози...Многу ми е битно
Моето прашање не се однесува на тоа - како да искомбинирам, туку сакам да ве прашам, дали би носеле фустан со оваква јака? Од мајка ми имам фустан со долги ракави и оваква јака, прекрасен е, ама поради материјалот никој не се осмелува да ми ја смени формата на јаката. Да барам чаре со крагни (ако сеуште се носат) или да го носам така без ништо?
Јас не гледам никаков проблем во однос на јаката, не знам што толку ти смета што сакаш да прикриеш. Баш си е во ред, зошто да не го носиш фустанот..
Meне ми се допаѓа фустанчето, со црвена боја на штикли, сакото може да биде црно а и плик ташната исто. Е сега за накитот јас би стаила нешто на златно еве вака на пример: Спојлер алка не би носела а за обетки некои дискретни, може црвени
Ее девојки јас размислив подобро и мислам дека е премногу да комбинирам три јаки бои така да сега мислев или наместо црно,да облечам сако исто со бојата на штиклите или црно сако со црни штикли ама пак сакам да ставам црвен кармин.Ќе одговара? И малце помош околу бојата на накитот
ana-sweet Сосема е во ред што сакаш црвен кармин да носиш на фустанчето, но тој да биде близок до тонот на чевлите. Ако на целото тоа се додаде црно сако, комбинација на ништо нема да личи и ќе биде утка. Да ставиш сако вo истата боја како чевлите, пак нема да изгледа многу добро, пред се бидејќи фустанчето има силен тон, при што со црвениот тон нема да имаат голема компатибилност. Така да, мое мислење е држи се до општата класика, и оди со црни чевли и црно сако. Во врска со накитот, еве пример. Нешто нежно што ќе внесе рамнотежа и ќе го ублажи синиот тон, но истовремено ќе ја истакне женственоста и моќноста, при што ќе му даде главна улога на карминот. francais Фустанот е сосема во ред. Класично и елегантно.
Девојки знам дека сеуште е рано за Нова Година но времето брзо врви па би сакала да прашам..сакам да носам сукња вака со висок струк,чизми ниски над колена и некое кошулче.Што мислите?и каков накит да носам?
Црна пеплум сукња со какви блузи да ја комбинирам? И дали би требало да ја носам само во посвечени прилики?
Имаш многу опции, од една едноставна блуска, фармерска кошулка, обична блуза на долги ракави, некоја посвечена кошулка итн. И не, не мора само во посвечени прилики, но сепак зависи каква е сукњичката.
Јас оваков фустан не би го комбинирала со црвени штикли, во никој случај...Боље би ти било со црна или бела варијанта да го комбинираш и не со златен накит, туку вака нешто-
Епа ајде препорачајте ми некаква што мислите дека ми одговара...и освен со кошула со што би можело друго да се носи...ајде ставете некои комбинации.фала