Јас исто имам црна ваква сукња и најчесто ја имам комбинирано со нешто со поедноставен крој во горниот дел, зашто сукњата сама по себе си е доволно интересно парче и не трпи и некои некласични кроеви при изборот на топ. Јес да сукњата е свечена сама по себе, ама ако ја искомбинираш поедноставно не гледам причина само во свечени прилики да се носи, се зависи и од тоа со каков накит и горен дел ќе ја комбинираш и од тоа што подразбираш ти под свечена прилика. Ако е црна може горниот дел да го одбереш во црно-бела боја, може и некоја појака боја да вметнеш или интересен принт. Еве некои идеи, некои комбинации изгледаат доста лежерно, други свечено што говори дека се зависи од тоа како ќе ја искомбинираш. Спојлер
девојки што мислите дали би ми стоела убаво ваква кошула на ваква сукња да е пикната внатре..ако не кажете ми некои идеи ваши за горниот дел
Носењето на црни хулахопки не зависи од тоа дали се работи за сукња или фустан, туку за каков тип на сукња, односно фустан станува збор. Покрај дизајнот, во предвид треба да се земат и боите што се комбинираат.
Не , немам посебен стил. Посакав да носам фармерки едно затоа што е ладно, друго затоа што фустанчињата се досадни
Ако пред се ти е важна удобноста и да ти биде топло, мислам дека можеш некоја интересна кошулка, може да биде и црна или пак некоја нежна блуска, може со одреден детал или пак принт, и одозгора или сако/мантилче (тегет, сивко, бордо, кремасто итн) и за чевли наједоставни чизмички. Така, ем ќе ти биде топло и комотно, а пак ќе изгледаш дотерано. Eве мој предлог, само наместо сандалки, чизмички
Луѓе, горната пижама ми е за перење, а долните ми се сиви со розови глувчиња. Може ли некој предлог со што да носам .. Без навреди, ама фармерки што да носиш ? Во животов ли немаш носено фармерки ? Облечи ја омилената маичка, со фармерки, марама и некои убави чизмички + капутче, мантилче и таман си.
Фармерки (но да не бидат од оние напред посветли, подобро ќе биде секаде да бидат рамномерно обоени, можеш кожни хеланки, некоја интересна сукњичка. Eве на пример, кога би одела со фармерките, надолу можеш да додадеш повпечатливи чевли, како пример балетанки со леопардски принт.
ваков модел само црвен ... со што да го искомбинирам и назад е чипка во вид "V" и има машничка... какви бои би одговарале, шминка, фризура ?
^ Златно, црно, сиво, бело, кремово, темно кафеаво, темно тиркизно. Како што можам да забележам, моделот е горе затворен, па јас не би ти препорачала да носиш од оние ултра модерните трендовски ланчиња, туку мој предлог е да ги истакнеш нозете или рацете. Нозете можеш да ги истакнеш со некои интересни принт хулахопки, а рацете со тоа што би ставила повеќе накит. (различни видови белегзии, часовник (не повеќе од еден), прстени, nail rings, и се то ). Споилер. Спојлер За фризурата и шминката незнам што би ти предложила, бидејќи незнам за каков настан се работи каде што сакаш да го носиш фустанчето. Но, мене би ми се допаднало да видам права коса(пеглана), виткана коса со големи локни, извиткан реп, нежна пунџа, пунџа со плетенка, рибина коска плетенка.
Вакви сукњички со што да комбинирам? Ми треба идеја за на постудено време и МОРА да содржи хулахопки. Ми треба и идеја за чевли и горен дел (маичка, кошула)
Феминки сакам да чујам мислење од вас скоро си го купив оваа фустанче па сакам да ми кажете дали ви се допаѓа...секоја сезона а особено есен-зима избегнувам до носам црни работи па си го начекав оваа фустанче само се мислам да не е претерано шаренко инаку го комбинирам со исти вакви кремови штикли како на сликата и со кремова чанта...паа убаво ли е фустанчето и дали одговара ваквата комбинација?