Сакам да го комбинирам џемпер - фустанов (или туника како и да е) со црни хеланки и вакви кратки чизми. Ќе одговара или црната како четврта боја е премногу?
Бидејќи фустанчето е поелегантно, прв избор би било класично мантилче Во однос на сако, мисламд дека не би било многу интересно ако се искористи преобичен дизајн и да биде кратко, туку да биде малку со по не класичен дизајн и со малку подолга должина А инаку, би можела и нешто погламурозно, како крзно да додадеш
Taка гледано, фустанчето е супер, многу нежно и шик, одлично за вклопување во некоја секојдневна комбинација. За додавањето на црниот тон, не дека ќе изгледа премногу, нема да е лошо, но инаку, мене повеќе ми се допаѓа црниот тон само да остане на чизмичките, бидејќи така повеќе до израз ќе дојде и самото фустанче.
Фустанчето е интересно.Со додавање на црни хеланки и чизмички мислам дека повеќе би дошло до израз фустанчето.
Тесна кожна сукничка и тигреста кошула со златни петличина...како да ги искомбинирам????Со какви холахопки и чевли или чизми?
Ако баш толку ти се допаѓа оваа комбинација и си одлучила да ја носиш (ова го кажувам бидејки и двете парчиња во комбинација може да делуваат кичесто и на нечие тело, да не излезеш како бугарска певаљка) тогаш со обични месо боја хулахопки и црни чевли салонки. Немој да ставаш накит освен ако не е дискретен.
Е сега ме замисле ,несакам да изгледам така,а кога би комбинирала со црна кошула со мали златни нитни на јакчината?????
незнам дали ти се допаѓаат моделите но мене ми се прекрасни и баш наменети за овој зимски период а притоа за свадба нели да не се ептен затворени сепак внатре е топличко а фустаните се со тричетвртни ракави баш за овој период . се надевам успеав да ти помогнам во изборот
Најпрво се извинувам бидејќи неможев да најдам подобра тема за прашањето. Вечер сум на слава кај дечко ми. Што да носам, да изгледа убаво, не пренакитено, и пред се да биде пристојно? Фустани не ми се во план. Се мислам дали да бидат тоа фармерки со кошула или некоја маичка, или туника со хеланки... Дајте некој предлог.
Па висока и тенка сум (добро имам малце стомаче), иначе од фустани имам само без прерамки и со прерамки ама без ракави...