Не си ти висока,туку тие можеби се многу ниски(се извинувам ако навредив некој). Мене искрено не ми е некоја преголема висина 169цм,плус високи штикли Ми се допаѓаат многу штиклите,и се надевам ќе ги игнорираш нивните коментари и ќе ги носеш на свадбата. Убав провод инаку
И покрај тоа што ќе бидеш во зтворена просторија, значи не е сезоната за чевли со отворен прст. Плус, гледајќи го веќе искомбиниранто, значи не мора да одиш строго со чизми, но едни најобични затворени салонки би биле најдобра опција.
Јас сум 177 и носам високи штикли, најчесто 12, а имам еден пар 15 и кога ги носам сум 187 одприлика, и не изгледам како штрк...
Eве неколку, мислам дека бидат доволни за инспирација Инаку, покрај овие идеи, можеш да избереш и фустан во убав црвен, смарагден или пак виолетов тон (погледни некои од RED Валентино или побарај wrap фустани на Дона Каран.
Вели таква боја на чевли, како темно синиот тон, а не таков дизајн на чевли. Занотки сигурно не е купила.
Како да искомбинирам цветна сукња А форма со црна основа и бордо цветчиња и има две ленти бела чипка,иде со обични салонки црни ?
Со какви чевли и накит да го комбинирам фустанчево. За прв пат купив нешто со анимал принт, не ми се допаѓаат такви дезени, но ептен ми се свиде како ми стои и го купив, а и ефтино беше. Секој предлог е добредојден. Моделот е сличен како на сликава, само што надоле не е црно туку темно кафено.
За накит не сум многу сигурна, нека кажат другите, ама дефинитивно со црвени штикли или какви и да е чевли и црвена плик ташна. Ваквиот анимал принт отсекогаш знам дека се носел со црвено, па и со црвен кармин
Moже плик црвена чанта, но не и црвени чевли и црвен кармин, пренападно е и ќе доминира црвената боја. Пософистицирано би било доколку се искомбинира со кремасти или црни чевли и лак за нокти во кремаста или месо боја. еден црвен детаљ е доволен, не сите.
Моето прашање може не за тука, па може и да го префрлите ако има друга тема. Планирав да носам фустан за н.год, ама се сменија нешто плановите и ќе славиме на плоштад. И сеа незнам што да облечам Ако може некој да ми даде совет фала
Фала ви девојки. И јас не сум за многу црвени детали, доволни се само чевли и црвен лак или пак само црвени обетки, колку да се освежи комбинацијата. Би можела да комбинитам со вакви обетки? речиси исти имам како овие.
Имаш многу варијанти, ем да не ти студи ем да бидеш дотерана. Можеш да комбинираш хеланки со некоја убава туника, пантолони, фармерки.. Комбинирај со капут и некој убав шал
Неможев да најдам слика од фустанчето,па ќе ставам скороз иста што е најдов на интернет од друг бутик. Значи фустанчето ми е исто вакво како ова само што е ваква боја.Нормално само фустанчево без дотатоците крзното,ташната и каишот.Прашањево ми е како вие би го искобинирале? Потребна ми е вашата помош,однапред благодарна.
Според мене со црвена-црна комбинација нема да погрешиш. Искомбинирај со црни салонки, а можеш и некои понежни црни чевли, да не бидат нападни и црно плико. Ланче и друг впечатлив накит мислам дека не е потребен, бидејќи самото фустанче има впечатлив дезен кај вратот. Би можела да ставиш некој дискретен црн прстен.