Девојки дали може да ми помогнете, незнам баш што се нови овај преиод за излегување во кафиќ. Само проблемот е тоа што немам чизми на штикла, имам не ептен мала и се високи некаде до под колена, Со што може одпрлика да се искомбинира? Ви благодарам
Од чевли - дефинитивно треба да ги искомбинираш со салонки, повеќе бои тука може да се искомбинираат во зависонст од тоа какви имаш во плакарот - црни, крем, тегет, кафеави, сиви... со овие бои нема да утнеш. Со чизми ќе му дадеш непотребна грубост на фустанчето, вака е баш елегантно значи мој предлог е само со салонки да го комбинираш. Во зависност од бојата на чевлите избери и таква боја на чантичка, а можеш и чантичка во боја на фустанчето. Повеќе од две бои тука јас не би вметнала затоа што самиот детал на фустанчето дава уште една боја. Повеќе накит мислам дека не ти е потребен, ако веќе сакаш можеш да додадеш и прстен голем и впечатлив, само гледај да биде сличен дизајн со деталот на фустанчето. Хулахопки најдобро би оделе прозирни (само не од оние што сјаат) или пак црни прозирни од оние тенките хулахопки само ако носиш црни чевли. Дезенирани хулахопки не се потребни тука. Одозгора капут и спремна си.
Фала ви многу девојки Јас дома пробував некои комбинации и најверојатно ќе одам со црни салонки,и црн плик.Е сега сакам да ве прашам дали може на половината да ставам црно каивче? И црн капут ќе носам исто Е сега во однос на косата.Како би можела да ја направам? Како најубаво би одговарало? Колку за информација имам долга коса и рамни шишки. Фала уште еднаш
Значи фустанов си го купив за нова година Значи цел е тесен. и преубаво стои. Незнам со какви штикли да го комбинирам и со кои би стоел најубаво? Или крем - нешто слично како овие? Каква фризура? Јас сакав нешто вака за фризура - Или да ја навиткам и да ја пуштам. Што викате девојки?
Подолга блуза, не таман до сукњичката, ниту пак да ја прекрие целосно, туку да зафати само мал дел од неа и едни убави шик салонки, сандалки (со некој уникатен дизајн) Инаку еве и неколку слики за инспирација:
Фустанот е добар. На првите чевли ми се допаѓа тонот, но сепак вклучувајќи го дизајнот, најдобро е со вторите да одиш. Така со поголемата платформа ќе се дефинира целиот изглед, се ќе се повеќе затегне меѓусебно. Сексапил+елеганција. (Кога би се бирало од Louboutin, јас би одела highness). Но, не треба толкава платформа. И бидејќи те паметам од критиките, само ќе те направат пониска. Така да, вторите твои се најдобар избор. И што се однесува до фризурата, go with it! Мислам дека бидејќи ти е и така црна косата, па плус и заедно со фустанчето, ќе биде таман.
Мое мислење е дека првите штикли најмногу би ти одговарале,бојата е убава и стилот,мислам дека одлично ќе изгледаат со фустанот.Со сета почит кон феминката што ти кажала за вторите,јас не сум за нив-за платформа,нели секој си има свое мислење.Фризурата е одлична,во тоа се сложуваме со Sumerlover,значи фризурата да и првиот стил на штикли.
Значи косата да ја соберам како што е на сликата? А за штикли незнам стварно, го пробав фустанот со вторите и баш супер стое, а белите сакам да си ги купам другата недела, ама изгледа ќе одам со златните тоест вторитее како што кажа самерлавер - сексапил и елеганција А каква шминка да ставав. јас за кармин се мислев или црвен или nude?
Црвениот многу убаво ти стои, секако дека со него нема промашај, но можеби овој пат да пробаш малку поразлично, па да одиш со nude на усните, а потемна сенка или повторно нешто дискретно на очите. Но, сепак што и да одлучиш, нема да погрешиш.
Девојки, ми треба мислење од вас. Значи сакам, кратки панталомчиња со висок струк (од оние зимските, знаете), да ги комбинирам со високи (над колена) дебели чорапи и со високи чизми до колена (*евентуално штикли*) и сега за нагоре што би било најдобро, корсет, кошулка.. а истава оваа комбинација само со суќна со висок струк, што мислите? Како би било подобро? Ви благодарамм