Најдов преубав фустан во забутаниот дел од шкафот на мама ми, краток, уз тело, со отворен грб и чипкан горен дел. Арно ама...светло жолта боја е. Никогаш порано немам комбинирано ваква боја во мојата гардероба, појма немам со што би изгледало убаво. Може некое советченценце?
^^^ Жолто многу убаво оди со црно и со кафеаво, а може убав ефект да се постигне и со маслинесто зелена, ама да се внимава на нијансите...
^ Жолто мене ми изгледа добро со црно и со кафеаво, јас не би комбинирала во никој случај со црвено, зелено, портокалово итн такви комбинации не ми се допаѓаат воопшто. Исто така добро ми изгледа со темно виолетова боја само да се погодат нијансите и боите.
Со црни паталони. А инаку,мене па жолтото не ми оди ама воопшто со црно и многу ми е глупа таа комбинација.Јас би го носела со некоја убава розе (не бебе розе),во согласност со нијансата на жолтата.Би носела со бело,а може и бежово,особено бежови чевли и ташна,освен ако не е лимон жолта.
Саја јас бојата на фустанот ја замислувам токму вака Спојлер Ако е така, јас би ти препорачала да го искомбинираш со кафена боја (но не многи интензивна). Можеш со палтенце, дрвен накит и кафена шминка на очите
Ги гледам во новата колекција на Зара. Ќе се носат и оваа сезона? И со какво палтенце одозгора ги комбинирате? Јас моите ги носев со едно лесно тенко палтенце. Некоја идеја?
Oва е тексас, а за мене џинсот трпи СЕ. Можеш во спортска варијанта со лесна јакна спортска шушкава или памучна и доле патичиња и ташничка на страна. Може со црно сако со превртени ракави и црни салонки, појак црн накит за навечер. Може со било која боја струкирана јакна. Па и тенко каивче на половината. Универзален е џинсот, а и ова комплетов сеедно што е едноделен може да се комбинира и за вечерни и за денски излегувања. Не гледам јас лично некоја голема филозофија за неговите комбинации
Муабетот ми беше за моделот. Дали ќе се носат сезонава 2011 повторно? А моите конкретно се од тенок свиленкаст материјал, не се тексас.
Нина а ако ти кажеа дека не се носат и не се модерни, немаше да ги носиш? Јас ако нешто сакам и сакам да го носам, ќе го носам и гајле ми е дали е модерно. Може да прашам дали е убаво само, на другите моделот како им се допаѓа. Модата толку брзо се менува и речиси се е ствар на вкус, ти диктирај ја неа, не таа тебе. А ако те интересира дали се модерни, значи штом зара ги има во нова колекција зар ќе веруваш ако некој ти рече не не се модерни? Нормално дека не! Иначе еве ти тема за панталоните нова е ќе прочиташ дека се посакувани многу moda-i-stil/isceli-kratki-pantaloni-t5201/
Не, не , не примам јас така лесно информација без да ја испроцесирам и да си донесам мој суд и мислење. Сепак за некои работи сакам да го слушнам општиот став. Моделов се носел во '80 па се врати пред 3 години, само ме зачуди што го гледам повторно во нова колекција, се задржа повеќе сезони. Инаку точно е тоа дека денес е се дозволено и стиловите се испомешани и се прават неверојатно убави миксови од различни парчиња. Навистина се удобни и практични, а и убаво изгледаат па баш ме радува што траат...
Да го носам ли ова шеширче со црн капут, фармерки и црни чизми утре во школо, а после и за во кафич? Или сепак не?
Имаш кафена чанта? Барем да ти одговара на нешто. Или марама кафена. А и има црни линии така да не е страшно и на твојата предвидена комбинација да си го носиш
Вака. Пантолониве се од мајка ми и се со висок кутел. Планирам да ги направам како кратки пантолончиња со висок кутел, и да ги стеснам. Што мислите, дали ќе биде глупаво да ги носам?
нема да биде глупаво да ги носиш,ако излезат како шо треба и ако знаеш да ги искомбинираш... баш sexy ке изгледаш