Планирам да носам слична на оваа кобинација што мислите,како изгледа,и со каков накит,холахопки и чевли би одговарала???Само мојата кошула е со црни јакчина не е вака отворена,и се прави со 3/4 ракави изгледа потипска.
еееј многу е јака сликава, поготово ептен ми се свиѓа "маичево", знам дека не се вика така ако знае некој нека ми каже како се вика. добро да се вратам поради причината што сум тука, ми треба мислење дали ова можам т.н. маиче да го искомбинирам со сукња тесна ))
Девојкиии, би сакала да си го носам овој џемпер во сабота (роденден на братучетка ми, па ќе не частела во ресторан-пицерија или нешто така), па се мислев во врска со накитот. Еве ви неколку слики во споилер да видите како изгледа. 1/2/3? И дали ако не би носела ланче, би одговарало да ставам златни алки? Благодарам однапред.
mili4ka123 - Прво, џемперот ти е прекрасен. Ако може во лп да ми кажеш од каде ти е? Бојата многу ми се допаѓа. Во врска со твојот пост, мене ми се допаѓа и со двете ланчиња, но со 2то повеќе. Супер стои. Можеш да ставиш некоја златна алка или повеќе помали златни. Само немој од оние големине златни, зашто ќе изгледа многу грубо. dulcela - Пепелум се вика моделот на маичето. Мене ми се допаѓа како стои со суќна молив. Како на оваа слика, суќната ептен доаѓа до израз со маичката. Мене ова ми изгледа прекрасно. Исто така, можеш и со други модели. Повели сликички во споилер: Спојлер mal.ecka - Јас животински принт и кожна суќна не би комбинирала, но тоа сум само јас. Ти треба умерен накит зашто кошулката е доста принтова и не би сакала да изгледа too much. Можеш да искомбинираш со некои нежни обетчиња, кратки или некоја едноставна црна алка. Мој предлог е безбојни хулахопки, иако мислам дека и со црни не би стоело лошо. Штикли црни, салонки. sweet-star - Леле преслатки се, но никако со суќнава! Носи ги со фармерчиња некои и џемперче. Суќнава можеш да ја комбинираш со ниски чизмички на штикла, салонки, балетанки, сандала штикла, но не и со овие.
Повеќе сум за првата комбинација а доколку не го носиш ланчето би можела да ставиш златни алки но сепак мислам со ланчето е поубаво
За нова година си зедов тиркизно фустанче однапред е како со светки а назад со отворен грб. Ќе го носам со црни штикли. Е сеа се мислам дали да земам исто тиркизни обетки или црни?
Ако е цело тиркизно тогаш црни обетки или ако светките ти се на сребрено или златно можеш и такви обетки се разбира ако имаш и уште некој таков додаток
dulcela - Пепелум се вика моделот на маичето. Мене ми се допаѓа како стои со суќна молив. Како на оваа слика, суќната ептен доаѓа до израз со маичката. Мене ова ми изгледа прекрасно. Исто така, можеш и со други модели. Повели сликички во споилер: Спојлер Фала тии Chocolate a дали сукњата да биде црна или можам на портокаловко?
Некоја интересна комбинација со пантолони да ми предложите , во сабота сум на свадба а немам никаква идеја што да носам
mili4ka123 - мене најмногу ми се допаѓа со второто ланче. Во врска со алките, стави некои тенки-минимални да се.
Девојки мене ми треба совет За нова година си купив кожна, широка сукња и ќе ја комбинирам со кошулка чипкана(нешто ко корал боја е). И сега во глава ми се увртеа онакви чорапи, доколенки и таман на салонка.. Е сега се двоумам, не сум сигурна дали ми е добро искомбинирано и што би додала и што би одзема и дали чорапите ми се добра идеја?
Комбинацијата од чипка плус кожна сукња ти е веќе доволно мешање на стилови т.е романтичен со edgy и чорапите би биле премногу по мој вкус...
И јас мислам дека чорапите се вишок. Не знам каков е моделот на сукњата, но претпоставувам дека е убава, сега кожните сукњни се ин.