Emotional123 - Нема да биде премногу доколку не ставиш многу накит. Умерено би изгледало. Мој предлог за накит, доколку сакаш да ставиш, некој нежен прстен или нежна алка. BlondeAngel - Доколку сакаш да разбиеш монотонија, штикли и ташна во боја. Немора да бидат иста боја, може и различна. Мој предлог е со црвени штикли или доколку ти се допаѓаат некои по смели бои, виолетови штикли со виолетова ташна.
Исто како прашањето да е што да искомбинираш со фармерки. Значи, фустанчето е црно, а на црно која боја да ја избереш, што и да е накит да ставиш, секако ќе одговара. Можеш леопардско со црвено, портокалово, некој неонски тон на чевлите, виолетово, минт зелено, или маслинесто зелено со беж, сино со сребрено, златно со кафеаво, итн. милион и милион комбинации,
Девојки, јас имам огромен проблем! Значи, купив фустан денеска, црн, уз тело, малку над колена што значи елегантен, со примерно деколте и убав грб, ама имам проблем со штиклите. И тоа голем. Не сакам да го искомбинирам со црни штикли, не сакам да биде преобично, ама вака со овие па се плашам да не изгледа премногу кичесто.. Фустанот е многу обичен, нема ниту едно цирконче, монистра или било што на него, ама штиклите се далеку од едноставни. Совети?
Можеш преку слика да покажеш барем некој сличен пример за фустанот, мислам за каков точно дизајн станува збор?
па јас мислам дека супер би изгледало баш ќе те озвежат штиклите, да не биди се у црно. можеш да искомбинираш со сребрена бижутерија или сребрено тесно коланче да ставиш
ако мислиш дека вака ти е пре кич можеш да комбинираш во штикли со друга боја на пример крем или црвено, а може и кралска сина, зависи какви имаш и јас мислам дека не би требало црни да се и тие би било пре монотоно.
Јас би ти препорачала да ги носиш овие штилки, со некое долго сребрено ланче, некое коланче и сребрена колба, или пак плик чанта.. мислам дека убаво би изгледало
Еве, се надевам се гледа, светлово во соба ми е крш. Материјалот е од оној што стега. Имам плик ташниче исто како штиклите, а од накит планирам да носам само сребрен саат, алка, прстен со камен и некое ланче, само не знам какво. Ако ги носам овие штикли, мислам дека ако ставам и повпечатливо ланче дека ќе лскам цела, а тоа не ми е намерата. Инаку знам дека би стоеле и други бои, размислував дали да купам и штикли, меѓутоа не ми се даваат пак пари за една вечер. Стварно е лудо.
Дали одат заедно кожна сукња во А форма со сиви чизми високи над колена тесни на тенка штикла?И ако може некоја слика за инспирација?
Оди, но треба да внимаваш на останатите парчиња за да не изгледаш вулгарно, границата може да биде многу тенка. Еве ти примери како би можела да ги искомбинираш
Мој совет ти е да ги носиш сребрените штикли со тенко сребрено коланче на фустанот и сребрена боја саат и мали обетки не од тие со висат туку само на увото ситни без ланче и пликото сребрено
Ако фустанот е толку едноставен носи ги, сигурно убаво ќе изгледа. Јас би ти предложила изгледот да го надополниш со или или белегзијата или прстенот, јас не би одела со двете
Се извинувам за квалитетов на сликава... Црно е фустанчево,горниот дел е од оние светкине незнам како да ги објаснам поубаво,може совет како да го искомбинирам,и косата како да ја направам? Фала однапред.
Може со секаква боја да се искомбинира. Јас би го искомбинирала со златно. Златен накит (ланче или белегзија) или обетки и златни штикли, но може и со друго што имаш дома.