^Колку што знам јас емили само праша,побара мислење. Не скокајте одма,јас пак мислам дека одлично стои ролка ако се усогласува со блузата,реално времево малку не е за таква комбинација,ама кога гледам дека низ град се шетаат по миничи и бунди крзнени(јас им пукам па сеир,кутрите),зошто да не доле ролка и прозирна кошула?
Прозирната кошула, подобро на сако или џемперче да ја носи, или само ролката да ја остави во комбинацијата. Дефинитивно ролката+прозирната кошула не иде, што треба, да и нацртаме? И едно е примерот со крзнените будни, а сосема не трето, туку десетто овој пример.
Кај виде ти некој да скока. Еве јас седев додека пишував мислење, не скокав Мислам дека и другите исто така.. Најдобронамерно беа упатени советите кон девојчето, за да не направи таква модна утка. Ако сакавме ќе кажевме „леле ти будала си, немаш поим од мода и стил“, ама најдобронамерно и беше објаснето дека не иде и зашто не иде. Што се правите заштитници нечии не ве знам, кога нема потреба. Прашала-добила одговор ! Не гледам потреба да има адвокати.. А ти ако мислиш дека иде ролка и прозирна кошула, купи си и бели чизми со црн патент и топ ќе бидеш за Нова година.
EMILI1999, ако толку ти е мерак вечер да носиш прозирна кошулка а страв ти е дека ќе ти студи, носи ја со некое џемперче облечено врз неа, немој во никој случај да ја комбинираш со ролка, ќе ти се смеат и ќе те реметат после уште долго време. Последно нешто што ќе сакаш е да читаш утре, задутре дебилни коментари на фб кога некој од тие со кои ќе славиш ќе ги објави сликите.
Мислам и дека ќе биде глупо некако не ми оди, а и ако си на затворено за нова година не верувам дека би ти било ладно за да носиш и ролка, а ако си надвор подобро ќе биде да ставиш џемпер или елече
Девојки ми треба брзо совет, еве како ми испадна косата, ама се двоумам дали да ја пустам и да ја навиткам? незнам стварно со да правам
Исто и јас се сложувам jovanovska94 и feminium. Подобро би ти било да ја носиш фатена ќе те отвори поубаво на лице а и мн ти е убава фризурата
Никако пуштена, вака ми е се преубаво склопено. Баш е елегантно и женствено, уживај и убаво да си поминеш!
Добро, ако видам некој така облечен ќе и подадам рака на Ники Минаж и ќе и речам дека веќе не е на врвот за модни катастрофи. Бунда со минич нема никаква врска со кошула и ролка. Кошула и ролка е исто како да облечам мини суќна со фармерки одозодола, за секој случај, нели ладно е. Нареден пат, со посилни адути закачај. Баш се загреав утрово.
Хахаха апсолутно си во право за ова со фармерките и миничот! И навистина, што сакаше да кажеш со бунда и миничот? Дека и покрај бундата, нив им е ладно?
Апосолутно е глупаво да се носи кошула и ролка, и ај немора ролка туку нека е и обична еднобојна блуза. Таквите кошули се многу комплицирани за девојки кои и не се така храбри. И јас не носам такви од причина што имам големи гради, плус неколку кила вишок во стомакот, и сето тоа во провидна кошула не е убаво. Затоа секогаш бирам кошули што нема толку да ме истакнат. А за девојката што сака да носи а мисли дека ќе и е ладно најубаво би било со одоздола да си носи боди плус одозгора сако или џемпер.
Јас сакам да носам вечер еден фустан темно сив, обичен материјал, многу убав модел, е сега не знам досега го немам носено на штиклите што ми се црни со златно капаче, ќе стои многу лошо со нив или?