Овие нитни не се баш за на панталона. Јас ги имам користено за чанта, ама за облека некако не се практични. Подобро е да ставиш копчиња, избери си какви сакаш, дали сребрени, златни, бели ,црни или пак шарени и само зашиј ги. Не ги стеснувај за да ти бидат залепени. Нека бидат малку пошироки доле, и преклопи ги нагоре, вака како на сликава: Висок струк со многу тесно не оди, затоа мислам дека најдобро вака и изгледале.
Батерфлај можеш да ги скратиш, но можеш и да ги стесниш од горе надоле. Горе да си дојдат широчки, а некаде од над коленото да почнат да се стеснуваат, за да на крај завршат како тесни Колку ме сфати не знам, сега ќе побарам слика Што и да одлучиш нема да згрешиш. Шорцевите ќе ти бидат секојдневна варијанта, а ако останат долги ми се повеќе вечерна
Феминки, ајде помош. Еве ова кошулчево денес си го купив (едвај најдов нешто како за трудница). И сега не знам надолу како да го комбинирам. Цел град обрнав не најдов хеланки во боја како што е тој додатокот врз кошулата (сошиени се едно за друго и не можат да се одделат). И сега ? Фармерки не можам да носам, единствена опција ми се хеланки, ништо друго. E сега, која боја на хеланки, кога веќе ја нема таа што ја барам ? Знам дека сте креативни треп, треп. А какви обувки би препорачале ? Спојлер Инаку, ова планирам да го носам во сабота (тогаш ќе се регистрираме со либето). едит: сум заборавило сликичето да го ставам
Најубаво ти е црни хеланки,класика,и убаво би изгледало. А за чевли ,нешто вака: Или вака: Без туфната И да бидат во крем боја,како тоа што го носиш врз кошулката.
Не,ако облечеш поголема штикла ќе изгледаш.А за отворен прст,па се затоплува времево Можеш и балетанки,но и тие не се избор за ова време.Ниски чизми,преобично би изгледало мислам. Нешто како вториот избор може,во прикладна боја само.
и јас сум за црни хеланки и можеш да крем чизмицки како оние што се до глушт ако не сакаш отворено убаво би стоело
Сакам да шијам слично вакво фустанче (за на свадба),но материјалот под чипката да не биде црн туку крем боја.И да биде со еден ракав. Што мислите со црни или со крем боја чевли да го искомбинирам? И косата пуштена или фатена?(имам долга коса)
^За косата, би стоела добро и пуштена и соберена, ако сакаш да делуваш по гламурозно тогаш соберена, а ако сакаш малку по лежерно-пуштена. А за чевлите-црни по мое.
Savana дефинитивно со црни салонки, а косата можеш да ја подигнеш горе а доле да ти биде пуштена (пеглана) Спојлер Како Ким или па можеш во репче, ама кренато репче, не залижано Спојлер или па наједноставно да ја извиткаш на надвор
Блонд...искрено многу тешко за комбинирање. Не толку комбинацијата, колку што е пригодата. Јас сепак кислам дека би било добро или со салонки некои нискички или со чизмички до глужд Савана фустанчево плаче за црвени салонки. А за косата зависи од ефектот кој сакаш да го постигнеш. Ако ја врзеш носи ја во висок обичен реп, а ако се решиш за пуштена испеглај ја косата и извиркај ги шишките на надвор со патец на средина (како што ти советува ЛаЧика)
Не знам дали ми е за тука постот ама сигурно не е за СДП Вака значи , си купив многу убави розеви тренерки , со ластик горе што се витка и супер се . Толку многу си ги засакав што сакав и во школо да ги носам . Мајка ми ми рече не знам што се глупираш , во наше време тоа беше нормално . Ама кај мене во школо доаѓаат и со чизмички со мала штикла , нашминкани со пудри тушеви и кармини . И искрено глупо ми е . Повеќето ми кажаа да ги носам ама ете не ги носам . Инаку сум по фармерки , џемпер некој и патики или чизми . Што е вашето мислење за ова ? Напомена : 3 средно сум .
Па во оние памучни шалвари сум видела идат многу, а разликата е должината. Е сега искрено некако тренерките се спортска облека, за шетање, за посетување спортски натпревари, ама ако толку имаш мерак носи си ги. Јас имам огромен мерак едни адидас тренерки да си купам, а со нив би си одела и на денско кафе и би си шетала низ град. Само патичиња доле и спортско ранче и терај. Подобро тренерки него штикли и пудра 3 килограми за во школо. Иако нема подобро од школска униформа според мене