И јас мислам дека црвен фустан со крем штикли и се друго крем поубаво ке ми стои бидејќи сум смеѓо-плава и ако носам крем фустан мислам дека нема да ми стои и затоа неможев да се одлучам.. Ви благодарам што ми помогнавте
Мислам дека многу убаво би стоело и крем фустанот, со јако црвени штикли и плик таков, црвен голем прстен и понежно ланченце со црвено привезоче некое. Косата во некоја растурена пунџа и понежна (на очите )шминка со црвен кармин но сепак и претхдниот предлог е доста добар, мене и тој ми се допаѓа многу
Како да комбинирам темно кафени хеланки и црни чизмички до глузд со мала стикла некоја комбинација за навечер ?
Долга блуза, туника оние од позади што се подолги се надевам ме сваќаш, крем или некоја друга пастелна спротивна боја од црно и кафено. Долго ланче, оние буфчињата, мали интересни обетки и кружни алки. Кафена ташна, црн капут или јакна и спремна си.
Goga123 Мислам дека со црвен ќе бидеш баш ред карпет, со крем штикли... А за косата јас сум за локни или мало пунџиче доле cuciTo иако не комбинирам многу црно со кафеаво може да искомбинираш со марама Анимал принт и кафеава ташна и нешто што одпозади бар малку ќе ти го покрие газот
Си купив преубаво тексасно кошулче,со бисерчина и циркони,како да го искомбинирам освен со фармерки,ај некој линк за инспирација ако можи
Имам еден сив фустан,го добив на поклон,убав е,а не сум го облекла.Не е свечен фустан,едноставен е,може да се носи и за дневно излегување.Со капут,ташна и какви чизми? Немам многу пара чизми,па не знам со што,и каква ташна? А и немам многу ташни.
Црна молив-сукња,бела кошула и маслинаст лак на ноктите. Кожна сукњичка со oversized sweather внатре и со некои интересни масивни ланчиња...
Црни чизми на штикла (8 цм),црни панталони и посвечена блуза,долниот дел црна боја,горниот дел бела со црни точки и бело прстенче,само прстен бидејки блузата е свечена.Дали е добра комбинацијава за во дискотека? И каква шминка и ташна?
Мислам дека добро ќе изгледа да додадеш и некоја друга боја освен се црно и бело можеш било која боја да избереш на пример. црвена, кремаста, плава, зелена..