Со што да ги искомбинирам чизмиве,за утре ми треба комбинација? Не сакам ништо посебно да бидам,онака да бидам доволно средена.Би сакала да ми предложите комбинации,ви благодарам однапред девојки.
^^Фармерки и некоја интересна блузичка или со некоја кошула. Можеш да додадеш и некоја штосна марама. Еве неколку идеи колку за инспирација: Спојлер
Деновиве времето е како пролет, па се прашувам... Рано е само за црно сако (преку ден), со потенко џемперче (всушност блуза ми е тоа не премногу дебела) одоздола? Или воопшто да не планирам уште некоја недела додека официјално не ни пристигне пролета
Какво е времето мислам дека и не е рано. Времето дозволува потенко да сме облечени, бидејќи со јакна и не се оди премногу е топло.
axl-babe комбинацијата е супер и таман е за времево. rainlover не е рано за таква комбинација ама треба да пазиш каков е денот, зошто времево знае да изненади па да залади или заврне.
Со оглед на поволните временски услови,не е рано. Во мојот град,веќе некое време се практикува носење сакоа/џемпери за дневни прошетки/кафе
Здраво. Како и со што можам да искомбинирам црна жоржет кошула, и црни кожни хеланки со што можам, и дали одат двете заедно, што можам да додадам да не бидам сета во црно.
Со што и како да искомбинирам хеланки со кожени рабови (од страната се кожа а така си се материјал-црни)
Сакото е на мајка ми . Го стеснив, ќе ги сменам и копчињата, но дилемата ми е дали да го носам?? Ваши мислења?
вакво нешто само устело е и без каиш , не е многу летно за сега?? сакам да го носам вечер ново ми е ама да не е уште рано некако е тенко
Да си го носиш, многу е убаво Воопшто не е летно, ова е едно од оние јас што ги нарекувам за сва времена
Ај некои идеи со фармерска чанта. Меркам една, ама не знам со што би можела да ја носам, па да не ја земам и да ми стои зафрлена во некој ќош