Купив штикли, од оние color block, поточно портокалова е штиклата, зелена платформа а останатиот дел е розов... Навистина немам идеја со што да ги искомбинирам, ама ептен ми беше ќеиф да си ги купам...
Мене со оваа должина па и не ми се допаѓа. Да беше пократко ќе беше многу убаво ама вака...незнам мене не ми се допаѓа.
^Јас го носам ова време кога е ни ладно ни топло над кожено џакетче. Исто некогаш само на блузичка и фармерки. Можеш исто на кошулка и пантолони. На фустанче некое зимско. На хеланки и тн https://www.google.com/search?q=vest+fu ... 66&bih=667 Еве и некои сликички..
Luna91 јас би комбинирала со класични црни салонки, или уште подобро со лаковани салонки со шпиц... Така ќе добиеш навистина елегантна комбинација, можеш и црно лаковано плико. Ми се допаѓаат така класични комбинации...
Фала ви најмногу. Јас планирав да го исомбинирам со шпиц салонки со капаче, но сакав да слушнам и ваше мислење
^било какви салонки црни(можеш и со заоблен врв,шпиц,па дури и такви како ти што сакаш)и така многу многу нема да се гледа што се носи бидејќи е долг фустанот и тој дел долу е затемнет со чипка
Не е толку темна чипката во долниот дел како на сликата, затоа не сакам да зезнам работа Фала на советот
еве јас преска си се подновив со ваква блуска ...што мислите со што најмногу ќе одговара...суќна одоздола ..хеланки..штикли (какви)...
Црни кожни хеланки и црни салонки. Една другарка исто има ваква и кога ке ја искомбинира така, страшно добро изгледа.
И јас истото ќе ти го кажев, но K-pozitiv е побрза од мене. Јас имам црна пеплум маица, ја искомбинирав со кожни хеланки, само што јас носев црни чизмички до глужд... Можеш да облечеш и бунда доколку имаш, комбинацијата ќе нема грешка...
Како би искомбинирале вакво боди? Не е исто како на сликата, меѓутоа црно такво со проѕирни делови. Хеланки неможат да се искомбинират, бидејќи е како боди, и не стои убаво позади. Ве молам за некои комбинации?
Само што зедов црни хулахопки. Сакав да ги носам во комбинација со нешто, но појма немам со што, дали убаво би изгледало над кратки пантолончиња, суќна или не знам како. Некоја комбинација да ми предложите?