Прашањето кое ќе го поставам е доста дебатирано, но ме интересира женско мислење околу сето тоа. Дали би изгледало добро да се искомбинира црна кожена јакна со патики што имаат кафеави кожни детали, значи не се целосно кафеави, имаат некои детали? И воопшто комбинирање на црна кожа со кафеави кожни додатоци и обратно? Бидејки она старото класично правило вели дека црна и кафеава кожа не се комбинира...
Мене ми се допага комбинацијата, кожена јакна со црни патики супер стои, вакви комбинации брат ми често носи и добро изгледа.
Според мене најмногу зависи каква нијанса ќе е кафената. Значи јас лично ич не сакам комбинација црно со кафено ако кафената е темна , некако многу нескладно ми изгледа исто како црно и тегет кога комбинираат . А доколку кафената е нијансата на чантата на девојката малку погоре постирано со црни хулахопки и убава светла интензивна нијанса на кафеава , тогаш ми се допаѓа . Мислам дека ако не ти е тешко најубаво да ги сликаш јакната и патиките и да процениме по сликите дали одат или не одат , мислам да дадеме мислење се разбира , се е до вкусот натаму си е твое како ке си носиш и комбинираш П.С. мислев на 3 ред слики , девојката во средина со кошула со принт црни хулахопки , кратки панталончиња и чанта средна големина преку рамо .
бргу добив потреба да се консултирам со вас хаха дали одговара оваа комбинација според мене убаво е сакам ваше мислење за во август на свадба каде што сум старосваќа ухуху и да штиклите малку пониски ) сакам да кажам фустанот од сликата ама штиклите од другата слика не девојката со фустанот..
Ваквите штикли би оделе убаво со фармерки или панталони, а за фустан некако не ми одат, плус и на таков посвечен никако