SunnyGirl2, според мене, ако е дебел материјатот на мантилот, треба да го носиш во зима, ако е тенок, можеш и во пролет (ако не ти е топло ). Инаку можеш да го комбинираш со се, фустан, маица и фармерки (барем јас мојот така го комбинирам). Се надевам ти помогнав!
Пред некој ден јас носев исто вакво џемперче кафена боја, кратка суќна исто кафена, но не како твојата, мојата беше дебела баш зимна, исшпартана со линии во посветла кафена боја. Ја комбинирав со ролка во крем боја и кафени чизми до под колена. Испадна неочекувано добра комбинација, а добив и многу комплименти. Се надевам дека ти дадов инспирација.
Девојки дали крзнен елек оди во комбинација со класично кратко црно сако ?? Ваков е, само со сатенска лента се врзува.
Зависи колку е дебело сакото, ама јас мислам дека би изгледало убаво, само тоа сатенската лента ми боде очи, подобро ако е иста како материјалот од сакото или барем нешто слично, да не бидат измешани толку материјалите
^ обично не сакам да контрирам со мислењата, почитувам сечие мислење, ама на ово морам да прашам: дајте кажете ми и другите навистина ви иде крзнен елек под сакото? Без разлика дал е тенок или подебел, ама знае се што оди под сакото, кошула, маица, ролка... ама елек и тоа крзнен Просветлете ме :geek:
Извини ама тука кажуваш за елекот под сакото .. горе го немаше тоа наведено мислев дека кажуваш за елекот одозгора како со кожените јакни кога го носат, а доколку е тоа за под тогаш не оди
Јас ја разбрав дека прашува за под сакото, бидејќи таа комбинација сако испод елек не ми дури ни падна на памет, прв пат слушам, и по мене ни тоа не оди. Многу е глупаво, како сако под елек? Значи во ниедна комбинација не оди.
А зашто да не иде? Посебно ако е подолго сакото, му доаѓа замена за јакна, сако+елек крзнен=јакна. Јас вакво крзно немам, имам нешто слично али сепак различно и го носам над сако долго или кожна јакна. Нека се потстопли уште малку јас не гледам зашто да не би го носела. Мене лично повеќе ми смета што има станска машна, но добро прашање на вкус е, може тебе тоа ти се допаѓа, јас машната не би ја носела, само елекот како таков. Еве ти и пример. Спојлер Мене обратната комбинација не ми иде никако, над крзното сако, крзното треба да е малку поголемо, штом се носи над кожњак, ако над тоа ставиш тесно сако ќе искача како мечка облечена натунтана да не речам.
Искрено не ја сфаќам потребата ни на машките ни на женските да носат маица под кошулата и кошулата да е откопчана .Не знам дали само на мене ми нема смисла и не ја сфаќам кошулата ни како џемперче ни како палтенце единствено ја сметам за кошула која треба да се носи закопчана а врз неа трпи и џемперчиња , сакоа , палтенца и било какви наметки , ама посебно па со бела рамбовка ми е една милион пати видена комбинација и не ми е убава за око . Секој со својот вкус нели , зборувам од личен аспект ,посебно мислам дека за женски многу поубаво изгледа кошулка уредно закопчана со пантолони или фармерки па одозгора нешто или во најмала рака ништо , ама сепак ми изгледа убаво и уредно .
http://data2.whicdn.com/images/106003290/large.jpg Јас вака би ја носела врзана. Ако мислиш за вака нешто слично да ја носиш, http://data1.whicdn.com/images/106016603/large.jpg ни мене не ми се свиѓа баш,најискрено.
Хм... интересно..искрено немам видено комбинацијава досега. Не изгледа лошо овака, сепак лично не би носила, ама ствар на вкус. Барем нешто научив
dushiche - За одење баш и не оди според мислењата на модните критичари. а и мене не ми се допаѓа како тоа изгледа. Тоа се два различни поими. Сакото дава некоја елегантност и сигурно би го искомбинирала со некоја убава маичка или кошула, а елекот би ја убил таа елегантност. Крзнениот елек би можела да го искомбинираш со кратко кожно палто, некое друго палто, можеби скај материјал и слично. Сакото остави го за други комбинации. SunnyGirl2 - Чисто да разјасниме, дебел мантил се вика капут! А мантилот мене ми е пролет/есен сезона. Тој период баш и не е многу ладно за капут, а и не е многу топло за друго палто. Можеш да го комбинираш со се, суќнички, фустанчиња, фармерки+кошулче/блузичка, џемперчиња. Класично палто е, лесно прилагодливо и носи си го со што сакаш. fatamorgana123 - Црна обична, бела, кремовка, светло розе, светло тикизна/сина/зелена, кафеава, со шарки некоја, со цветен дезен, со линии. Баш убава идеја да ја разубавиш класичната суќна.