Јас никаде не кажав дека ќе носам елек плус сако. Не сум толку глупава. Само прашав дали оди елек и сако, мислев дека ќе сум доволно јасна дека мислам на сако плус елек. Сатенската лента не е баш сатенска, повеќе доаѓа како некој премногу мек скај. Но кога го гледаш, на око изгледа како сатен. Моето сако е слично во крој само е црно. А материјалот не е некој мек, оној што бега од рака, не е тенко сако. Од доста дебел материјал е.
Освен со бела боја,со кои други одговара оваа зелена боја(што ја има кутивчето вазелин ,доле десно на сликата)? Спојлер Не можев да најдам слика со слична нијанса,затоа е оваа со лабелцата.
Дали со emerald green боја фустан, сиви(сребрени) аксесориз и накит одговараат nude боја на штикли?Зошто не сакам да одам на сигурната комбинација со црна боја, а сиви штикли не ми се некако по мерак...
Имам еден фустан долг со расцеп, не е тесен многу - свадбарски е и планирам да го носам на свадба во април. Имав дискусија,па ме интересира и ваше мислење, дали на фустан со корсет, голи рамена со расцеп одат салонки, или мора сандали? Сепак е април месец па да знам да закажам педикир на време
Со што можам да нагоре да носам ваква суќна ? https://www.wolfandbadger.com/skating-skirt/ http://4.bp.blogspot.com/-KzmAB8-JXkw/U ... 00x895.jpg
Има, има доста комбинации со тексас кошулка Јас ја комбинирам со фармерки и крзнен елек на пример, или само фармерки, суќна со висок струк.. Еве и некои инспиративни слики
Имам едни панталони ваква боја: Спојлер тесни како на сликава со нитни на џебовите и нешто како бело под нив. Да ги носам или не?Некако ко демоде ми се чинат.
Коритсаки, бидејќи фустанов сам по себе е statement piece, јас би го искомбинирала со наједноставни црни елегантни салонки и едноставна црна плик чанта. Доколку сакаш да внесеш малку боја во ваквата комбинација, би ти предложила тоа да биде во шминката, поточно со карминот - светло црвен, портокалов, рубин боја, розов или виолетов кармин. Всушност, било каков кармин со интензивна боја одлично би ја разбил монотонијата во целата комбинација што ти ја предлагам. Тука мислам на добро пигментиран кармин, но не темен како оние burgundy и темно виолетови нијанси. Значи, јас би одела со посветол кармин во силна боја. Исто, и во шминката на очите би се држела до поедноставни варијанти, значи неутрални тонови и ништо светкаво. Аксесоарите би ги изоставила, можеби само некоја алка би ставила колку да не се празни рацете, или па би ставила нежни обетчиња, но ништо светкаво и масивно